Сподели го написот

Дислексија / Занимливости / Избрани текстови

Светот на дислексијата гледа како на недостаток

Светот на дислексијата гледа како на недостаток

Зачудувачки е фактот што само 3% од луѓето ја гледаат дислексијата како предност, според истражувањето на направено од YouGov за потребите на организацијата Made By Dyslexia. Основачот на организација, Кејт Григс е решена да се бори против стигмата и погрешната перцепција за дислексија. Таа токму на оваа тема зборуваше на еден од настаните “Ted Talk”, што навистина вреди да се слушне.

Таа е фокусирана на промена на перцепцијата (или заблуда) за дислексијата и помагање на луѓето да разберат дека всушност дислексијата е само поинаков начин на размислување. Самата организација “Made By Dyslexia”  е управувана од страна на лица со дислексија и ги собира на едно место многуте успешни дислексичари кои направиле неверојатни работи.

Таа објаснува како дислексија е предизвикана од различни синапси во мозокот и како им овозможува на луѓето да размислуваат креативно и поразлично од останатите. Учениците со дислексија честопати не се доволно добро поддржани во училиште, а со самото тоа им се наметнува да се чувствуваат мрзеливи и глупави. “Made By Dyslexia” сакаат на светот да му ја покажат вистинската вредноста на дислексичното размислување, но и да го променат образовниот систем за учениците со дислексија, за да можат истите да ја добијат соодветна поддршката која им е потребна и ја заслужуваат.

Кејт вели како кога децата се мали, тие имаат неверојатна желба за животот и мислат дека можат да постигнат се што ќе им падне на ум – но ние ги праќаме на училиште и целата нивна креативност и желба ја убиваме.

Јас целосно се согласувам. Дислексичните деца се способни за големи работи и не треба да ги ограничуваме со општествените норми, треба да ги негуваме нивните таленти и да ги охрабруваме да ги остваруваат своите соништа без разлика што можеби на нас ни изгледаат нереални.

Во реалниот свет дислексија може да биде огромна предност. Ова е поткрепено со голема бројка на успешни претприемачи, пронаоѓачи, писатели и лидери кои имаат дислексија и успеале за да постигнат неверојатни работи.

Оваа статија е преземена од virgin.com

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>