Сподели го написот

Занимливости / Совети

7 СОВЕТИ ЗА УСПЕШНО ЖИВЕЕЊЕ СО ДИСЛЕКСИЈАТА

7 СОВЕТИ ЗА УСПЕШНО ЖИВЕЕЊЕ СО ДИСЛЕКСИЈАТА

Сум прочитал многу статии за личности што ја надминале својата дислексија. Навистина им честитам на овие личности.

Мојата дислексија беше откриена прилично на рана возраст. Јас и моите родители вложивме навистина многу време, напори и финансиски средства во третманот и надминувањето на мојата дислексија, но не ја надминав. Едноставно, научив да живеам со мојата дислексија.

Ова се мои 7 совети за како успешно да живеете со својата дислексија:

  1. Вежбајте, вежбајте и вежбајте читање – знам дека можеби во читањето и не пронаоѓате некое посебно задоволство, но верувајте, само со напорно вежбање на читањето, тоа нема да ви претставува голем проблем. За некои луѓе аудио-читањето е многу корисно и може да ги зголеми нивните капацитети за читање.
  2. Стекнете се со пишувачка независност – сè што треба да направите е да ја изберете вистинската асистивна технологија за вас. Софтверските решенија како Ghotit (http://www.ghotit.com/) можат да им помогнат дури и на дислексичарите со најтешка форма, да направат правописно и граматички точен текст.
  3. Постојано информирајте се за новите технологии и иновации – денес живееме во една високо технолошка ера, која е многу корисна за дислексичарите. Речиси секојдневно се воведуваат нови технологии и голем дел од нив се приспособени за дислексичари, па затоа бидете постојано информирани и најверојатно ќе ја пронајдете вистинската алатка за вас.
  4. Одредете кога е вистинското време за откривање на вашата дислексија – дислекисјата не е болест, но, сепак, луѓето понекогаш имаат погрешно мислење за неа. Самите ќе оцените кога е вистинското време и на кој човек да му кажете за својата дислексија.
  5. Изградете ја својата социјална самодоверба – во текот на образованието поради неинформираноста и неразбирањето од страна на наставниот кадар, учениците ја губат својата самодоверба. Затоа бидете силни и не дозволувајте неадекватниот образовен систем да ве потисне и да се затворите во себе. Постојано работете на подобрувањето на својата самодоверба.
  6. Научете ги своите предности – луѓето со дислексија најчесто не се најдобри во читањето и пишувањето. Во свет каде што најмногу фокус се става на пишаниот збор, дислексичарите се навистина обесправени. Како и да е, ние дислексичарите најчесто имаме многу висока интелигенција и секогаш ја гледаме големата слика, а тоа и претставува наша најголема предност. Затоа научете ги своите предности и искористете ги дарбите на дислексијата.
  7. Никогаш, ама буквално никогаш не откажувајте се – Секогаш мора да имате верба во своите способности. Светот е полн со луѓе што се изгубени, само поради тоа што се откажале во животот. Ние дислексичарите, поради нашата дислексија, во животот сме научени да се бориме уште од почетокот на основното училиште. Ние сме истренирани како разочарувањата што сме им ги приредиле на нашите родители и на самите себеси да ги надминеме и да ги направиме позитивни. Затоа борбата треба да продолжи целиот живот и никогаш не треба да се откажеме. Само да замислиме, што би се случило кога еден од најпознатите дислексичари во светот, Алберт Ајнштајн, би се откажал само поради својата дислексија.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>