Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

8 инспиративни филмови за дислексија

8 инспиративни филмови за дислексија

Денес, креиравме листа на 8 инспиративни филмови за дислексијата кои задолжително треба да ги погледнете. Овие филмови се одличен приказ на сите проблеми, потешкотии и предизвици со кои се соочуваат сите лица со дислексија и потешкотии во учењето. Се надеваме дека токму овие филмови и документарци ќе ги инспирираат сите дислексичари да не се срамат од својата различност, туку напротив отворено да зборуваат за истото бидејќи само на тој начин може да се изгради здрава емоционална личност. Затоа заедно со вашите дечиња седнете пред телевизорот, изгледајте барем еден од овие филмови и започнете да зборувате за дислексијата и предизвиците, потешкотиите, различноста, но и за успесите кои произлегуваат од истата.

УЖИВАЈТЕ!!!

1.Taare Zameen Par

Режиран од самиот г-дин Перфекционист, “Taare Zameen Par” е најинспиративниот филм за дислексија. Амир Кан направил неверојатно ремек дело за тоа како едно дете секојдневно се бори со предизвиците и проблемите кои произлегуваат од дислексијата. Приказната се врти околу детето по име Ишан, кое сонува за акциони фигури, цртани филмови и целосно се внесува во својот свет. Токму Ишан е детето кое страда од дислексија, а речиси никој не е свесен за тоа. Наставниците и родителите навистина не можат да го разберат неговото однесување и сметаат дека таквото однесување е само начин за да ги избегне училишните обврски. Работите се влошуваат кога неговите родители го испраќаат во интернат. Но токму тоа е местото каде што новиот наставник по ликовно стапува во игра и создава вистинска промена во неговиот  живот.

2. Love, Mary

Врз основа на вистинската животна приказна на д-р Марија Грода-Луис, овој филм нè води во патувањето на еден дислексичен тинејџер, кој подоцна ги победува стереотипите за дислексија преку стекнување на титула Магистер  и стекнување на успешна кариера во медицината. Кристи Мекнихол прекрасно ја прикажува ученичката која беше испратена во училиште за проблематични ученици, поради нејзиното однесување. Таму таа се запознава  со нејзиниот советник, кој и помага во студиите, но најважно успева нејзината самодоверба да ја издигне на високо ниво.

3. The Princess and the Cabbie

Приказната се одвива околу Џоана Џејмс, кога се запознава со таксистот Џо Холдеј, кој сакал да ѝ помогне да ја надмине нејзината борба со дислексијата. Валери Ен Бертинели го игра ликот на Јоана  наследничка која е речиси изолирана од реалниот свет. Џо Холидеј се обидува ја убеди Џоана околу нејзината борба со читањето и пишувањето, откако случајно дозна за нејзината дислексија кога Џоан ја остава нејзината книгата во таксито. Филмот првично беше емитуван на 3 ноември 1981 година и успеа да ја добие Еми наградата за извонредна кинематографија.

4. Anya’s Bell

Поставен во 1949 година, приказната се врти околу слепата жена Ања Херпик, која сака собирање ѕвона за да се справи со својата осаменост. Ситуацијата се влошува кога нејзината мајка умира. Тогаш таа се запознава со 12-годишно момче Скот Римс кој врши испораки, Скот бил сметан за “бавен” ученик, но подоцна всушност се открива  дека се соочува со дислексија. Двајцата си помагаат еден на друг во нивните секојдневни проблеми и предизвици. Додека Ања го учи да ја чита Брајова азбука, Скот ѝ помага да биде повеќе независна и самосвесна.

5. The Secret (1992)

Приказната на овој филм ја отсликува тажната реалност на многу од лицата со дислексија. Тие се срамат да зборуваат за своите потешкотии во учењето. Мајк Дунмор е сопственик на продавницата кој се соочува со проблеми во читањето и пишување, но таа тајна ја крие од светот поради својата гордост. За него ваквата состојба преставува голем срам. Односот со неговиот син, Патрик, исто така, се влошува поради тоа. Сепак, работите се менуваат кога дознава дека неговиот внук, Дени се соочува со дислексија. Филмот нѐ учи зошто е важно да бидеме отворени за потешкотиите со кои се соочуваме пред своето семејство и пријателите. Чувањето на ваквата тајна длабоко во себе само може да  ја влоши ситуацијата. Дислексија не претставува нешто од кое што треба да се срамиме, постојат начини и техники како можеме да се справиме со истата.

6. A Mind of Her Own

Инспириран од вистински настани овој филм ја раскажува приказната за една млада девојка, Софи, која сака да стане медицински професионалец. Сепак, нејзините родители и наставници сметаат дека медицината не е за нејзе, и дека треба да најде професија која не бара големо академско знаење поради високиот степен на дислексија со кој таа се соочува.  Но Софи е упорна девојка, и несебично се вложува на факултетот. Со помош на нејзиниот пријател Беки кој постојано ја охрабрува и и дава поттик, таа успева да изгради успешна кариера во медицината и да добие светски признанија за својата работа.

7. Embracing Dyslexia

Во обид да ја подигне јавната свест за дислексијата, Луис Мациас го креираше овој  документарен филм, откако на неговиот син му беше детектирана дислексија. Преку сопствени зборови на режисерот, овој документарец дава инсајдерска перспектива за тоа што е дислексија како ниеден друг документарен филм. Додека документарниот филм се фокусира на секојдневните борби на родителите и дислексичните тинејџери, исто така ја истакнува важноста на раната детекција и важноста за негување на природните дарби и способности на детето, за да се чувствува посигурно во животот.

8. The Big Picture: Rethinking Dyslexia

Режиран од режисерот Џејмс Редфорд, ” Rethinking Dyslexia ” е документарен филм кој ги нагласува личните искуства на децата со дислексија, експертите, но и на оние вистински светски икони кои се соочуваат со дислексија. Во овој филм истакнати личности како господинот Ричард Бренсон и Чарлс Шваб ги споделуваат своите гледишта за дислексија.

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>