Сподели го написот

Избрани текстови / Познати личности

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок открива дека има дислексија

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок открива дека има дислексија

Британскиот министер за здравство откри дека има дислексија и дека можеби никогаш не би постигнал толкав успех без да користи “спел-чекер”.

Мет Хенкок во интервјуто за списанието “GQ”  објаснува дека досега никогаш не зборувал за својата дислексија, бидејќи не сакал да зборува за своите слабости. Според него модерната технологија може штетно да влијае врз менталното здравје на младите, но од друга страна може да им помогне во патот до успехот. Тој претходно ги повика директорите на училиштата да го забранат користењето на мобилните телефони за време на наставата, но денес не е толку сигурен во тоа.

“Модерната технологија може многу да помогне. Ќе ви дадам еден личен пример. Никогаш претходно не сум го кажал ова, но јас имам дислексија и за истата не дознав во училиште, туку за време на моите студии, мојот професор ми кажа ‘одлично се снаоѓаш кога одговараш усно, но не можеш тоа да го пренесеш  писмено на лист хартија’. Јас мислам дека доколку Microsoft го направеше спел-чекерот пет години подоцна, тоа ќе имаше многу негативно влијание врз мојата кариера. Никогаш не сум зборувал за ова, бидејќи тоа е слабост, а луѓето не сакаат да зборуваат за своите слабости. Тоа ги прави да се чувствуваат ранливи, но со помош на модерната технологија, дислексијата е од голема помош за луѓето да можат да размислуваат надвор од границите, бидејќи секој има свои различни начини за справување со проблемите и изнаоѓањето на решенија”- објаснува Мет Хенкок.

Превземено од: GQ magazine

Оваа статија е изготвена во рамки на кампањата #КажиДислексија по повод октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>