Избрани текстови

Како го одбележавме октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Веќе е познато дека Октомври е месец на дислексијата. За таа цел, во светски рамки, различните компании и организации допринесуваат за подигнување на јавната свест за дислексијата, преку креирање на кампањи, конференции и герила акции. Во Република Македонија, главен придонес во подигнување на јавната свест за дислексијата има нашето здружение. Овој Октомври, за да го одбележиме месецот на дислексијата организиравме низа на активности. Транспарентни информации за дислексијата Како дел од проектот “Транспарентни информации за дислексијата” поддржан од Фондација Отворено општество Македонија , организиравме три панел дискусии, на три различни теми. Темата на првата одржана панел дискусија беше насловена “Дислексијата во Република Македонија”.На оваа панел дискусија свој говор имаа д-р Мира Ј...

Креативци со преголемо срце

Некои би рекле потешкотија, јас би рекла дарба. Некои би рекле состојба, јас би рекла шарени умови. Попреченост, болест ни најмалце! Јас, јас би ги дефинирала како љубов она искрена, како чувство она знаете кога од среќа се движите напред назад и не знаете што попрво да направите. Јас јас би ги дефинирала како платно со многу бои, палета. Жолта за среќа, сина за успех, зелена за позитива, црвена за љубов, бела за ведрина, портокалова за новиот ден. Како интелектуалци, како личности кои што развиваат свои на чуден начин теории. Би ги дефинирала како музика, како ноти, како кутија полна со емоции, многу емоции. Како блок број 5, на кој што со големи букви секоја во разна боја пишува СРЕЌАЉУБОВ НАСМЕВКАМАМАТАТО. За мене дефиниција е ова: Дислексија=креативност Дислексија=интуиција Дислексија=...

Microsoft објави асистивна технологија за лицата со дислексија

Microsoft објави низа на нови алатки, односно асистивна технологија за лицата кои се соочуваат со дислексија, а со тоа дадоа голем глобален придонес за овие лица. Со потпишувањето на соработка со фондацијата Made by dyslexia, оваа компанија вети дека ќе даде свој придонес во олеснувањето на читањето, пишувањето и математиката за лицата со потешкотии во учењето. Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, ја објави оваа вест на глобалниот самит Made by dyslexia на 15 октомври во Лондон, преку креативно видео. “Задоволен сум од прогресот кој го правиме со новите алатки за учење, кои се дел од Microsoft 365.” – изјави тој, а потоа во една од неговите објави на LinkedIn напиша- “Ништо не ми причинува поголемо задоволство, од тоа да ги гледам нашите клиенти задоволни од технологијата што ја гр...

Принцезата Беартис и покрај потешкотиите во читањето и пишувањето ја смета дислексијата за дарба

  Принцезата Беатрис открива дека има дислексија и дека таа состојба за неа представува чест и гордост. 28 годишната Беатрис, која била детектирана со оваа состојба кога имала 7 години, ја опишува дислексијата како дарба и алатка која дава можност да мислиме поинаку. За да го одбележи месецот на дислексијата, Принцезата Беатрис, отворено зборува за истата во центарот за дислексија Хелен Аркел, и вели: “Еден од моите најрани спомени е кога ја прелистував книгата на Беатрикс Потер. Се сеќавам дека илустрациите во книгата беа прекрасни, но зборовите во неа не ми значеа ништо. Кога одев на училиште го помнам моментот кога наставничката ми рече ‘што ме гледаш, зборовите не се напишани на моето чело’” Беатрис, која е најстара ќерка на принцот Ендру и седмата личност до тронот, вели дека иак...

Принцот Карл Филип “Ништо не ме прави потажен од фактот дека децата со дислексија се сметаат за глупави”

Принцот Карл Филип говори за својата битка со дислексијата. Принцот, кој има пасија кон брзи автомобили, лов и други активности на отворено,  заедно со неговата сопруга Принцезата Софија, веќе имаат две деца. Во однос на тоа принцот изјави дека нема да дозволи ниту едно од неговите деца да страда поради стигмата поврзана со дислексијата. “Принцот Карл Филип има дислексија” – изјави Бенгд Ерик Џонасон од Шведското Здружение за дислексија, каде што самиот Карл Филип е покровител. “Тој ми кажа колку е важно децата кои што имаат потешкотии во читањето и пишувањето да не бидат отфрлени од училиштето. Исто така, тој вели дека ништо не го прави потажен од тоа овие деца  да се сметаат за глупави поради нивната дислексија. Многу е важно учениците да не се чувствуваат отфрлени и сами во училиште. Мо...

Следете го во живо најголемиот самит за дислексија во светот – Made By Dyslexia

Фондацијата MADE BY DYSLEXIA ве поканува да го следите во живо преку “Facebook” или “Youtube”  најголемиот глобален самит за дислексија во понеделник 15 октомври со почеток во 18 часот и 45 минути. Глобалниот самит “Made by dyslexia”  ветува дека ќе биде предизвикувачка вечер на плодни панел-дискусии на тема дислексија. Користејќи ги сознанијата од извештајот на EY “Вредноста на дислексијата” објавен претходно оваа недела, ќе се разговара за важноста од правилната поддршка потребна за децата со дислексија во образованието, со цел правилно развивање и искористување на талентите кои произлегуваат од дислексијата. На овој самит ќе имате можност да ги слушнете светските лидери, меѓу кои и г-дин Ричард Бренсон, државниот секретар за здравство и социјалн...

Како McDonald’s ја подигнува јавната свест за дислексијата

Дислексијата претставува една од најчестите потешкотии во учењето, која опфаќа околу 15 проценти од вкупното население. Но, оние кои никогаш не се соочиле со дислексијата, веројатно не можат да ги разберат проблемите со кои се соочуваат дислексичарите во секојдневниот живот. Октомври е светски месец за подигнување на јавната свест за дислексијата проследен со многу настани каде што се вклучуваат голем број на компании и институции од целиот свет. Дефинитивно Шведската подружница на најпрепознатливиот синџир на ресторани за брза храна McDonald’s оваа година се издвои од сите останати.  За да придонесат во одбележувањето на светскиот ден за подигнување на јавната свест за дислексијата, McDonald’s и агенцијата Nord DDB во Шведска ги променија сите свои дигитални билборди, така што...

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок открива дека има дислексија

Британскиот министер за здравство откри дека има дислексија и дека можеби никогаш не би постигнал толкав успех без да користи “спел-чекер”. Мет Хенкок во интервјуто за списанието “GQ”  објаснува дека досега никогаш не зборувал за својата дислексија, бидејќи не сакал да зборува за своите слабости. Според него модерната технологија може штетно да влијае врз менталното здравје на младите, но од друга страна може да им помогне во патот до успехот. Тој претходно ги повика директорите на училиштата да го забранат користењето на мобилните телефони за време на наставата, но денес не е толку сигурен во тоа. “Модерната технологија може многу да помогне. Ќе ви дадам еден личен пример. Никогаш претходно не сум го кажал ова, но јас имам дислексија и за истата не дознав во училиште, туку за време на мои...

Претседателот Доналд Трапм со порака по повод месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Американскиот Претседател Доналд Трамп се обрати до нацијата со порака по повод светстскиот месец за подигнување на јавната свест за дислексијата. Во прилог ви ја пренесуваме неговата порака: Јас и Меланија се приклучивме во признавањето на месец Октомври како интернационален месец за подигнување на јавната свест за дислексијата. Ние целосно сме посветени на подобрување на условите за учење и работните услови за сите граѓани на Америка, а особено на креативните и успешните дислексичари. Ние ги поттикнуваме сите граѓани на Америка да се запознаат со дислексијата, да се залагаат за децата и возрасните со дислексија и да ги поддржат своите пријатели, колеги, членови од семејството и своите сакани во борбата со дислексијата . Дислексијата представува невролошко- когнитивна потешкотија во учење...

Очилата за дислексичари OrCam достапни за продажба

Дислексијата е состојба која предизвикува проблеми во читањето, но тие проблеми може да се надминат особено со користење на асистивната технологија. Подигнувањето на свеста за овој тип на технологија е мисијата на “Dyslexia Box”. Стартап бизнисот “Dyslexia Box” е лоциран во Алија бизнис центарот во Кембриџ и истиот е креиран од Бен Луис и Лари Џенкинс, во соработка со голем број на обучувачи и експерти. Бен, кој има 10 годишно искуство во овој секторот, оваа година го започна својот стар ап бизнис “Dyslexia Box” , бидејќи увидел недостаток од продукти кај компаниите кои нудат експертиза и услуги во ова поле. “Обезбедуваме низа производи и услуги, со особен фокус на асистивната технологија “, објаснува тој. “Ние обезбедуваме разни прилагодувања, па ако имате вработен со ди...

DyslexicFZF – Прв кириличен фонт за лицата со дислексија

По примерот на повеќето развиени држави, Комисијата за информациски и комуникациски технологии при Филозофскиот факултет од Скопје го изработи првиот криличен фонт во светот наменет за лицата со дислексија DyslexicFZF. DyslexicFZF го олеснува читањето кај лицата со дислексија, што ја прави текстуалната содржина подостапна за нив. “Ние луѓето што имаме дислексија, кога читаме, буквите во нашиот ум несвесно се превртуваат, ги гледаме обратно, односно одразително, а многу често знаат да исчезнат, или пак, да „играат“ низ страниците. Традиционалните фонтови уште повеќе ја влошуваат ситуацијата, бидејќи дизајнот на поединечните букви се потпира на останатите, но и многу често фонтовите се направени од естетски причини. Дислексичарите таквите букви ги гледаат исто и навистина тоа им претставува ...

Дали емоционалните нарушувања ја предизвикуваат дислексијата?

Дислексијата сама по себе и не претставува поголем проблем. Илјадници лица со дислексија го пронаоѓаат својот различен стил на учење, со цел да постигнат одредени академски вештини. Проблемот е што вложуваат многу труд и енергија за да се вклопат во востановениот систем на образование, кој е заснован примарно на читање и пишување. Треба да бидете внимателни. Кога ќе се забележат знаците на дислексија, треба да се дејствува за да не дојде до емоционални нарушувања, кои не се ретки кај лицата со дислексија. ДАЛИ ЕМОЦИОНАЛНИТЕ НАРУШУВАЊА ЈА ПРЕДИЗВИКУВААТ ДИСЛЕКСИЈАТА? Истражувањата покажуваат дека дислексијата е предизвикана од биолошки фактори, а не емоционални или фамилијарни проблеми. Семјуел Ортон е еден од првите истражувачи што го опишува емоционалниот аспект на дислексијата. Неговите ...