Избрани текстови

Тинејџер со непрепознаена дислексија

Честопати бистрите деца се способни да компензираат во нивната дислексија во раните училишни години, но потешко можат да се справат со поголемите интелектуални барања од средното образование. Знаци според кои може да се утврди дислексијата кај тинејџерите: – Средношколецот што има дислексија, постојано го повторува материјалот за читање повеќе пати, сè додека не го разбере целосно; – Тинејџерите со дислексија имаат голема тешкотија со управувањето и следењето на домашните задачи, како и со зададените рокови за одредени задачи; – Дислексичарите најчесто не се свесни за задачите и обврските, затоа што неговите наставници „никогаш не им го кажале“ она што е потребно да се заврши; – Неретко се случува овие ученици да имаат тешкотии во учењето странски јазици. Оваа потеш...

Дислексија-кафе

  Чикаго, август 2017, Сигурно веќе многу лесно сте го нарачале вашето утринско кафе. Но, тоа не е така лесно за посетителите на кафе-барот „Heritage Outpost“, гостите се соочуваат со потешкотија да го прочитаат менито во кафе-барот. Кафе-барот „Heritage Outpost“ во Чикаго, ги измени своите менија и сите натписи во самиот објект, со цел да им покаже на своите гости како е да се биде 1 помеѓу 10 Американци што се соочуваат со дислексија. Најголем дел од луѓето не размислуваат двапати кога нарачуваат во кафе-бар, но за дислексичарите тоа е малку потешко, односно читањето на менито може да биде навистина тешко. Овој настан е организиран во соработка со кафе-барот „Heritage Outpost“ и невладината организација „Everyone Reading Illinois“, кој работи на поле за подигнување на свеста за дисл...

ШТО ЧУВСТВУВААТ ЛИЦАТА СО ДИСЛЕКСИЈА?

Анксиозност – Анксиозноста е најчест емоционален симптом кој се сретнува кај лицата со дислексија. Лицата што се емоционално вознемирени од нивниот неуспех, ги попречува во можноста да мислат јасно. Учениците со дислексија се многу поподложни да ја искусат анксиозноста многу потешко. Ова произлегува од процесот познат како условување. Тој е еден воспоставен психолошки феномен, според кој, две појави обично се случуваат заедно. Појавата на едниот од нив е насочена да го потсети човекот на другото. Според тоа, дислексичните ученици секогаш се наоѓаат во ситуации кога тие имаат претходен неуспех и не го забораваат тоа, па затоа и реагираат со анксиозност.   Гнев (лутење) – Гневот е честа појава кај лицата со дислексија. Гневот се јавува како последица на фрустрациите во училиштата и соци...

10 % од населението во Европа се соочува со дислексија

За дислексијата многу често се вели дека е скриен недостаток. Токму поради таа причина не може да се утврди точниот број на децата и возрасните што имаат дислексија. Тоа е така поради тоа што кај многу деца дислексијата е доцна откриена, голем дел од дислексичарите применуваат многу добри стратегии за прикривање на своите недостатоци, што процесот на откривање на дислексијата кај нив го прави уште потежок. Постојат држави и општества каде што дислексијата е сè уште непозната состојба, и во едно такво опкружување на неинформираност, може да се каже дека дислексијата воопшто не е застапена, иако тоа не е така. Британското здружение за дислексија проценува дека во западниот свет дислексијата е застапена кај околу 10% од учениците, а 4% се соочуваат со сериозни потешкотии во учењето. Во Обедин...

Што претставува дислексијата?

Дислексијата, всушност, претставува проблем за којшто се води долгогодишна дебата, и создадени се многу дефиниции за неа во последните неколку децении. Класичната дефиниција е предложена од Светската федерација на невролози во 1968 година, која гласи: „Дислексијата претставува нарушување од конституциско потекло, кое се карактеризира со потешкотии во учењето, читањето и пишувањето, и покрај дадените адекватни образовни инструкции и присуство на нормална интелигенција и нормално социо-културно опкружување.“ Оваа дефиниција се заснова на критериумот за нееднаквоста меѓу вештините за читање и генералните когнитивни способности, односно интелигенцијата. Во оваа дефиниција, важно обележје за потешкотиите во учењето е достигнатото ниво на читање, кое е на значително пониско ниво во однос на возр...

Дислексичарите се поуспешни бизнисмени од останатите

Дислексијата најчесто се нарекува и скриен недостаток, и многу често се запрашуваме што ги прави луѓето со дислексија толку успешни бизнисмени и претприемачи. Познато е дека бизнисмените што се дислексичари, се многу успешни, но спроведено е истражување што ќе ни покаже зошто е тоа така. Во 2001 и 2007 година, професорката Џули Логан спроведувала истражување за тоа колку бизнисмени и претприемачи се дислексичари. Исто така, во текот на истражувањето испитувала кои карактеристики се поизразени и посилни кај дислексичарите што се претприемачи и кај останатите претприемачи што немаат дислексија. Студијата започнува во 2001 година во Обединетото Кралство каде што 20% од бизнисмените се изјасниле како дислексичари. Во 2007 година истражувањето е спроведено во САД каде што повеќе од една третина...

Том Круз: „Дислексијата не ме спречи да бидам успешен актер“

Средното училиште го завршува во 1980 година и вели дека по завршувањето на средното училиште, сè уште бил неписмен поради проблемите со читањето и учењето. Круз покажува потешкотии во учењето уште од најрана возраст, но конечно научил да чита дури кога бил возрасен, со помош на „Study Technology“, метод за учење создаден од Рон Хабард. Мојот најголем сон како дете беше да бидам пилот. Како дете, моите родители многу често се селеа од едно на друго место. Најважната работа за мене, при секоја селидба, беше да ги имам со мене сликите од авионите. На 22 години го подготвив филмот Top Gun и конечно добив можност да ми се оствари сонот, односно да бидам пилот. Па така, почнав да земам часови за летање, но едноставно не успеав. Луѓето почнаа да ме прашуваат што се случи и зошто не продолжив, па...

Кира Најтли: „Сценариото за филмот Чувство и чувствителност ми помогна да ја надминам дислексијата“

Извонредно талентираната актерка Кира Најтли објави дека ја надминала дислексијата како дете со читање сценарио од Ема Томсон. 32-годишната актерка вели дека единствениот начин на кој таа можела да го надмине нејзиниот проблем со учењето, било читањето на сценариото за филмот Чувство и чувствителност и замислувајќи што Томсон ќе направи во „нејзините чевли“. Најтли, која била дијагностицирана со дислексија на 6-годишна возраст, изјавила дека е голем фан на режисерката која е добитничка на оскар – почитуваната Ема Томсон. За списанието GQ magazine изјавила: „Мајка ми во тоа време работеше на филмот Чувство и чувствителност и дома ми донесе копија од сценариото на филмот што го има напишано Томсон.“ Јас само кажав: „Ама, јас сум дислексична, како да го прочитам целото сценарио?” Мајка ми го ...

Преку режирање филмови, Спилберг ги надминува проблемите со дислексијата

Кога ќе помислиме на успешни режисери од Холивуд, сигурно меѓу првите ќе се сетиме на Стивен Спилберг. Поголемиот дел од луѓето, дури и неговите најверни фанови, никогаш не би помислиле дека еден од најпознатите режисери во светот се соочува со дислексија целиот свој живот. Уште поинтересен факт е тоа што Спилберг до поодминатите години воопшто не бил свесен за својата дислексија, ниту пак, му била откриена. Но, Стивен не дозволил дислексијата да застане на патот до остварувањето на неговите соништа. На Спилберг дислексијата му била откриена дури на 60-годишна возраст. Кога му била откриена, тој изјавил: „Сега конечно го пронајдов и последното парче од мозаикот на мојот живот што досега никогаш го немав пронајдено.“ Тој отворено зборува за тоа како не бил способен да чита и секогаш читал м...