Методи за корекција

Методот на Рон Дејвис

Методот на Рон Дејвис е еден од најпознатите и најефикасните методи за корекција на дислексија, дискалкулија и дисграфија. Достапен е во Македонија преку лиценциран тренер, кој е обучен за работа со деца и возрасни што имаат поинаков стил на размислување и учење. Според овој метод, во коренот на дислексијата, недостигот на внимание и на многу други проблеми поврзани со учењето лежи уникатен и креативен стил на размислување, кој навистина претставува дарба. Лицата со дислексија доминантно размислуваат на сликовит начин, мислат и гледаат мултидимензионално, со цел да креираат, да разрешуваат проблеми и да ја елиминираат збунетоста. За дислексијата се вели дека е дарба  поради општите заеднички карактеристики на сите дислексичари. Креативноста, љубопитноста, имагинацијата, интуицијата и слико...

Методата Ортон Гилингам

Пристап: Take Flight, A comprehensive Intervention for Students with Dyslexia Д-р Семјуел Тори Ортон (1879-1948), американски невропсихијатар и патолог од Ајова, кој најпрво ја проучувал работата на мозокот кај возрасни што претрпеле мозочно оштетување, преминал на работа со деца со потешкотии при читањето. Д-р Ортон бил првиот кој направил чудесно и неочекувано откритие, а тоа е дека децата што се сметале за ретадирани заради нивната потешкотија со читањето, имале просечен или натпросечен коефициент на интелигенција. Веќе во 1920, Ортон почнал да користи мултисензорно учење кое вклучувало кинестетика (движење), тактилност (допир), визуелни (вид) и аудитивни (слух) техники во изучувањето на процесот на читање. Д-р Ортон предвидел дека со примената на кинестетски и тактилни техники како зас...

АФС Метод

АФС-методот е педагошко-дидактички тренинг и метод за поддршка на луѓето со дислексија и дискалкулија. АФС-методот е развиен базирајќи се на фактот дека лицата со дислексија и дискалкулија покажуваат различен начин на процесирање на информациите – што е очигледно од начинот на кој го учат пишувањето, читањето и сметањето, односно имаат различна способност за учење. Овој специјализиран метод е дизајниран за да даде индивидуална поддршка со намера да се опише и структурира педагошко-дидактичката активност за да се придонесе за негова поголема професионалност во примената. АФС методот става силен акцент на мултисензорното учење. Тренингот со АФС-методот вклучува три основни приоритети за помош, кои се мерат: А: Внимание (грешки на сознание) Различниот степен на внимание; Децата не ги совладув...