Некатегоризирано

Јавен повик – Тренинг за идентификување и спречување на ширењето на говор на омраза

Здружението Ајнштајн во рамки на проектот “Право на говор НЕ е право на говор на омраза” финансиски поддржан од Фондација Oтворено општество Македонија објавува јавен повик за учество на 20 млади лица студенти на возраст од 18 до 26 години кои што ќе учествуваат на 4 модуларен курс-тренинг за идентификација и спречување на ширењето на говорот на омраза поделен во 8 интерактивни тренинзи. Што ќе добијат учесниците на тренингот? Селектираните учесници ќе ги добијат следниве облици на обука преку иновативни алатки и техники од страна на искусни обучувачи: Запознавање на директен начин со елементите на говор на омраза и заштитените карактеристики на истиот. Едуцирање на кој начин се врши диференцијација на говорот на омраза со неговите блиску концепти како дискриминацијата,криминал од одмазда ...

Прашалник – Транспарентни информации за дислексијата

Почитувани, Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во периодот од јуни до октомври 2018 година работи на проектот “Транспарентни информации за дислексијата”. Целта на проектот е граѓаните да добијат транспарентни информации за дислексијата и информации за компетенциите на стручните лица и здравствените институции кои директно работат со лицата со дислексија. Со остварувањето на целта на овој проект ќе се пристапи кон креирање на инклузивно општество за лицата со дислексија и зголемена ангажираност од страна на националните власти во однос на ова прашање. За да ја оствариме целата на проектот проектниот тим спроведува истражување за мислењето на родителите во однос на здравствените институции кои директно работат со учениците со дислексија. Ваквото истражување ќе ни помогне во составувањето на ...

Што е дискалкулија?

КАРИН КУЦИЈАН Развојната дискалкулија е поврзана со различни промени во функцијата на мозокот и самата структура на мозокот, на што укажуваат сè побројните докази. При неодамнешните истражувања  во областа на развојната дискалкулија користени се техниките за снимање на мозокот, за да се проучат мозоците на луѓето што вршат  задачи поврзани со броеви. Овие техники им овозможиле на истражувачите да генерираат слики на мозокот на учесниците со висока резолуција, што овозможува да се набљудуваат мозочните шеми за активирање при процесирање броеви. Пресметувањето броеви е сложена когнитивна активност која се обработува од комплексна невронска мрежа. Последните неколку години ни дадоа појасна слика за тоа што се случува во нашите мозоци за време на обработката и пресметувањето  на броевите. Сним...

Тест

Упатство за пополнување: Следните изјави го опишуваат начинот на кој се однесуваш при учење или читање. Прочитај ја секоја изјава внимателно и ОДБЕРИ ОДГОВОР КОЈ НАЈДОБРО ГО ОПИШУВА НАЧИНОТ НА КОЈ ЧИТАШ ИЛИ УЧИШ. Работи брзо и одговарај според твојот прв впечаток и продолжи понатаму. Не се задржувај на ниту еден детаљ. Одговори на секоја од изјавите на начинот на кој се чувствуваш во моментот додека ги читаш. Запомни, нема точен или погрешен одговор за ниедна изјава и биди искрен/а колку што можеш. Ова анкетно истражување е целосно анонимно и нема потреба да внесувате ваши лични податоци. Одговорот кој најмногу се однесува на тебе обележи го со  Х во соодветното поле и запомнете можен е само еден одговор.