АДХД – АДД

Нарушување во однесувањето АДХД е состојба која што се уште не им е доволно позната на родителите во нашата држава

Нарушување во однесувањето придружено со недостиг на внимание, импулсивност и хиперактивност или пак без хиперактивност е состојба која што за жал се уште не им е доволно позната на родителите во нашата држава. Сведоци сме на се поголем број на деца кои се хиперактивни и не можат да го задржат своето внимание, за тоа како да се препознае дете со АДХД или АДД и како да им се помогне на децата разговаравме со Славица Тасевска Николовска лицанциран тренер за корекција дислексија, АДХД, АДД, дисграфија и дискалкулија со метод на Рон Дејвис – Davis Dyslexia Association International 1.Како ја дефинирате состојбата наречена АДХД ? АДХД е кратенка од Attention Deficit Hyperactivity Disorder – АДХД  или во превод нарушување поради недостиг на внимание со хиперактивност. Слична состојба е АДД...