Дисграфија

Техники за пишување на состави кога е присутна дисграфијата

Од особена важност е учениците да не го избегнуваат целосно процесот на пишување, без оглед колку е тешка нивната дисграфија. Пишувањето е важна животна вештина потребна за потпишување документи, пополнување формулари, пишување писма, пишување телефонски пораки или пишување список за намирници. Затоа студентите треба да бидат способни да пишуваат, дури и ако не можат да пишуваат подолго време. Некои ученици со дисграфија може да пишуваат или препишуваат поединечни реченици со одредена леснотија, но тие обично имаат тешкотија со пишување состав. Овие ученици ќе треба да се научат на техники што им овозможуваат да го пишуваат секој дел поединечно пред да ги обединат во еден текст. За полесно пишување текстови, учениците можат да ги следат овие осум чекори: Размислете поединечно за сите ваши ...

ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА ДИСГРАФИЈАТА?

Експертите сè уште не се сигурни што ја предизвикува дисграфијата и воопшто проблемите со писменото изразување. Разбиливо е дека мозокот ги зема информациите преку сетилата и го складира за подоцна. Пред да се почне со пишување, мозокот добива информации од неговата краткорочна или долгорочна меморија и се организира за да започне да пишува. Експертите веруваат дека процесот на пишување се одвива најнапред со организирање на информациите зачувани во меморијата и потоа формирање зборови со пишување на хартија. Истиот процес се одвива и кај лицата со дисграфија. Разликата е во тоа што резултатот од нивното пишување е писмен производ кој тешко може да се прочита и е полн со грешки. Напишаниот текст, исто така,  не го отсликува она што сакал да го каже тој што пишувал доволно јасно. Затоа се в...

ШТО Е ДИСГРАФИЈА

Дисграфијата е состојба која предизвикува проблеми со писмено изразување. Терминот произлегува од грчките зборови dys (“оштетени”) и графија (“правење писмени форми со рака”). Дисграфијата не  е резултат на интелектуален дефицит , неадекватни инструкции ниту пак на мрзеливост. Таа е резултат на различноста на мозокот при процесирање на информациите. За многу деца и возрасни со дисграфија, самото држење на  молив или  организирање на буквите на линија претставува  тешкотија. Нивниот ракопис има тенденција да биде неразбирлив и неуреден. Многумина од нив се борат со правописот и со ставањето на  мислите на хартија. Различни професионалци можат да користат различни термини за да ги опишат проблемите со писмено изразување. Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ме...