Дислексија

DyslexicFZF – Прв кириличен фонт за лицата со дислексија

По примерот на повеќето развиени држави, Комисијата за информациски и комуникациски технологии при Филозофскиот факултет од Скопје го изработи првиот криличен фонт во светот наменет за лицата со дислексија DyslexicFZF. DyslexicFZF го олеснува читањето кај лицата со дислексија, што ја прави текстуалната содржина подостапна за нив. “Ние луѓето што имаме дислексија, кога читаме, буквите во нашиот ум несвесно се превртуваат, ги гледаме обратно, односно одразително, а многу често знаат да исчезнат, или пак, да „играат“ низ страниците. Традиционалните фонтови уште повеќе ја влошуваат ситуацијата, бидејќи дизајнот на поединечните букви се потпира на останатите, но и многу често фонтовите се направени од естетски причини. Дислексичарите таквите букви ги гледаат исто и навистина тоа им претставува ...

DYSLEXIE – фонт што им помага на дислексичарите

Кристиан Боер создаде посебен фонт што им помага во читањето на лицата со дислексија. Фонтот може и бесплатно да се преземе на Интернет и на многу дислексичари им има помогнато. Ние луѓето што имаме дислексија, кога читаме, буквите во нашиот ум несвесно се превртуваат, ги гледаме обратно, односно одразително, а многу често знаат да исчезнат, или пак, да „играат“ низ страниците. Традиционалните фонтови уште повеќе ја влошуваат ситуацијата, бидејќи дизајнот на поединечните букви се потпира на останатите, но и многу често фонтовите се направени од естетски причини. Дислексичарите таквите букви ги гледаат исто и навистина тоа им претставува проблем во читањето. Вака Боер ја започнува својата дислексична приказна. Тој се бори со дислексијата целиот свој живот. Како дипломски труд на ликовната а...

Историја на дислексијата

Откривањето на дислексијата и развојот на третманите за нејзиното третирање започнува во доцниот 19 век. Во 1878 година германскиот физичар д-р Кусмал подучувал човек што не бил способен да чита. Човекот имал нормална интелигенција и имал адекватни образовни инструкции. Д-р Кусмал го опишал неговиот проблем како слепило за читање. Неколку години подоцна,  во 1887, германскиот офталмолог Рудолф Берлин ваквата состојба ја опишал како дислексија, што потекнува од грчките зборови dys (слаб, лош, непримерен) и lexis (јазик, збор). Оттогаш, па сè до денес, терминот дислексија е синоним за потешкотии во читањето. Првпат дислексијата е спомената во Англискиот Медицински Весник во 1896 година. Во тоа време дислексијата била наведена како  „Congenital word blindness“. Во 1925 година американскиот не...

Дали емоционалните нарушувања ја предизвикуваат дислексијата?

Дислексијата сама по себе и не претставува поголем проблем. Илјадници лица со дислексија го пронаоѓаат својот различен стил на учење, со цел да постигнат одредени академски вештини. Проблемот е што вложуваат многу труд и енергија за да се вклопат во востановениот систем на образование, кој е заснован примарно на читање и пишување. Треба да бидете внимателни. Кога ќе се забележат знаците на дислексија, треба да се дејствува за да не дојде до емоционални нарушувања, кои не се ретки кај лицата со дислексија. ДАЛИ ЕМОЦИОНАЛНИТЕ НАРУШУВАЊА ЈА ПРЕДИЗВИКУВААТ ДИСЛЕКСИЈАТА? Истражувањата покажуваат дека дислексијата е предизвикана од биолошки фактори, а не емоционални или фамилијарни проблеми. Семјуел Ортон е еден од првите истражувачи што го опишува емоционалниот аспект на дислексијата. Неговите ...

ДАЛИ ДИСЛЕКСИЧАРИТЕ МОЖАТ ДА УСПЕАТ ВО УЧИЛИШТЕ И ВО ЖИВОТОТ?

  Постои нешто многу интересно во врска со фактот дека повеќето успешни директори или политичари имале пониски оцени во текот на своето образование. Како на пример, фактот дека Стив Џобс имал тројки во училиште, иако ја оформил најголемата и најпрофитабилна компанија во светот. Но, што ако ваквите приказни повеќе зборуваат за квалитетот на училиштата и образованието воопшто? Статистиката покажува дека училиштата во Соединетите Американски Држави не ги поседуваат најдобрите вештини и практики што се потребни за понатамошен успех во животот откако ќе се заврши средното образование. Шокантно голем број ученици со завршено средно образование бараат да посетуваат и дополнителна настава кога ќе се запишат во колеџ. Конкретно во Њујорк, кој е поразличен од другите градови, ја следи оваа стат...

Тајни за успех на дислексичарите

Во светот имаме многу успешни луѓе со дислексија и безброј успешни приказни. Секоја од нив е инспирација и личен триумф. Не можеме сите да бидеме Том Круз или Ричард Бренсон, двајца хиперуспешни дислексичари, но успехот не се мери само во богатството и славата. Успехот претставува пронаоѓање на своето место на овој свет, градење на самодоверба и надминување на дислексичните потешкотии, а ова е нешто што секој дислексичар може да го постигне. Тоа го можеш и ти. Во повеќе наврати пишувавме за многуте успешни дислексичари низ светот. Но, што заедничко стои во позадина на сите тие успешни приказни? Мораме да бидеме свесни дека не постои магично стапче што ќе нè однесе до успехот. Не постои постигнување успех без вложен напор и напорна работа. Затоа, засукајте ги ракавите и започнете со работа....

Заеднички карактеристики на дислексичарите според Рон Дејвис

Според методот на Рон Дејвис, дислексичарите ќе покажуваат барем 10 од следниве карактеристики и однесувања. Овие карактеристики може да се разликуваат од ден за ден или од минута до минута. Постојано нешто за дислексичарите е нивната непостојаност. Општи карактеристики Изгледаат бистри, високоинтелигентни, и артикулирани, но не можат да читаат, пишуваат, или да читаат и пишуваат несоодветно за возраста; Етикетирани се како мрзливи, незаинтересирани, безгрижни, незрели, „не се труди доволно“, „има проблематично однесување“; Не се „доволно лоши со учењето“ за да се согледа дека им е потребна дополнителна помош; Имаат висок IQ, кој најчесто не може да се покаже на тестови; Се чувствуваат безвредни и глупави и имаат слаба самодоверба; ги кријат или прикриваат слабостите со генијални стратегии...

УМОТ НА ЕДЕН ДИСЛЕКСИЧАР – ДЕЛ 2

Размислуваат со слики наместо со зборови Без никакво изненадување, имаат тенденција да имаат високоразвиена визуелизација на нештата, па ја користат оваа визуелна помош за да ги планираат и организираат нивните животи. Едноставно животот го гледаат низ слики. Секогаш ќе имаат дислексија Тие можат да научат да читаат и да пишуваат, меѓутоа секогаш ќе имаат дислексија. За да им се олесни животот, започнати се процеси на изработка на посебен фонт и речник каде што фонтот ќе биде дизајниран да се избегне каква било конфузија и да се добие поголема прегледност, додека пак, во речникот ќе се даде особено внимание на значењето на зборовите наместо на нивниот редослед во буквите. Тие го користат мозокот различно Нивниот мозок помалку ја користи левата хемисфера, која е задолжена за делот со читање...

Умот на еден дислексичар – дел 1

Тешко е да се разбере, нели? Доколку не сте еден од оние 10 до 15 проценти од популацијата што има дислексија, тогаш е многу потешко да разберете. Лесно е да се помисли на ова како некој вид измама. Но, мислењето дека „ако овие луѓе само малку поработат на себе и се потрудат малку повеќе, би можеле да го поминат проблемот“, е тотално невистинито. Дислексијата е дарба за способност да се гледаат нештата од повеќе различни перспективи истовремено. Самата дарба доаѓа и со еден вид потешкотии што се однесуваат на тоа дека има збунетост при давањето приоритет или наоѓање логика во сите тие перспективи. Дислектичарите можат да бидат луѓе со кои е тешко да се живее, или пак, да се покажуваат чувства како љубов, поради тоа што нивниот мозок работи на поразличен начин од останатите. Дури и ако се з...

Дислексијата низ светот

ДИСЛЕКСИЈА ВО АНГЛИЈА Првпат дислексијата е спомената во Англискиот медицински весник во 1896 година. Во тоа време, дислексијата била наведена како „Congenital word blindness“. „The Word blind centre“ (Центар за слепило за зборови) бил основан во Лондон во 1965 година. Тоа е и првото здружение што се појавува во Англија. Подоцна се оформуваат „The Helen Arkell Dyslexia Centre“ во 1971 година, а потоа следува и Институтот за дислексија и Британската асоцијација за дислексија во 1972 година. Што се однесува до правната регулатива, дислексијата за првпат билa споменатa во 1970 година. Во 1993 година се определува како специјална образовна потреба во Образовниот закон. Во Актот за еднаквост во 2010 година. Во Англија се предвидени законски регулативи за помош на лицата со дислексија. За децата...

Совети од дислексични ученици до учениците што имаат дислексија

Никој не може целосно да разбере како е да се биде ученик со дислексија, како што тоа може да го разбере друг ученик со дислексија. Нашите наставници и родители имаат совети за нас, но сега ќе ви покажеме неколку совети од вистински експерти за дислексија. Совети за следење на времето Ана (15) вели дека нејзината најдобра стратегија за завршување на домашната задача е едноставна: „Никаква технологија околу себе додека се пишува домашната задача. Многу важна алатка за мене е големиот ѕиден календар. На него пишувам колку време ми е потребно да завршам некоја работа. Бидејќи сум дислексичар, потребно ми е повеќе време на тестовите, нели? Исто така, потребно ми е да го користам целото слободно време за да ја напишам домашната задача така како што треба. Многу ми користи тоа што на календарот ...

Дислексијата на балканските земји

Хрватска Не постои официјална владина дефиниција за дислексијата. Во практика се користи дефиницијата прифатена од BDA (British dyslexia association). За разлика од останатите земји од поранешна Југославија, изоставувајќи ја Словенија, Република Хрватска се наоѓа на врвот во однос на дислексијата, но сепак, ни приближно блиску до развиените европски земји. Единствениот тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис во Хрватска, Кристина Ана Мудринич, смета дека свеста на дислексијата е на високо ниво помеѓу хрватското население, но дека сè уште постојат одредени стигми околу оваа состојба. Голем дел од училиштата имаат тимови од стручни лица, кои им помагаат на учениците со дислексија. Дислексијата е регулирана во правна рамка, но не е доволно јасно поставена. Сепак, учениците со дислексија...

  • 1
  • 2