Дислексија

10 препораки за наставниците за работа со ученици со дислексија

Пофалбата им дава сила. Критиката ги убива! На учениците со дислексија им треба поттик за јакнење на нивната самдоверба, за потоа да научат да се справуваат со дислексијата. Тие веќе доживеале неуспех и длабоко во себе чувствуваат дека не се способни за учење. За да ја вратите нивната самодоверба, пронајдете можност за покажување одреден успех, а потоа пофалете ги и најмалите достигнувања. Секое подобрување кај овие деца е огромен успех за нив. Не барајте од ученикот со дислексија читање на глас! Поради потешкотијата која ј имаат овие ученици и грешките што би ги направиле, тие би доживеале срам, што пак од друга страна е контраефективно за нивната самодоверба. Не ги казнувајте ако заборавиле книга или прибор Понудете им организациски стратегии за чување на приборот на едно место. Не го уп...

Профил на учениците со дислексија

Различноста во потешкотиите со учењето и влијанието на секундарните фактори, како што се опкружувањето и самодовербата, значајно придонесуваат за индивидуалниот профил на ученикот со дислексија. Професорите може да се сретнат со ученици што: Имаат индивидуални потешкотии во учењето, различни стратегии за учење и емоционални одговори на проблемите; Имаат развиено силно чувство на компензаторски стратегии. Со тоа е многу тешко да се препознаат потешкотиите кај ученикот, со оглед на вложениот труд и време за учење и прикривање на своите недостатоци; Никогаш не биле кај стручно лице за дислексија и не се свесни за своите потешкотии, а имаат проблеми во ситуации каде што од нив се бара да ги покажат вештините за читање, пишување и организациските вештини; Пишуваат писмени задачи што не ги покаж...

Тинејџер со непрепознаена дислексија

Честопати бистрите деца се способни да компензираат во нивната дислексија во раните училишни години, но потешко можат да се справат со поголемите интелектуални барања од средното образование. Знаци според кои може да се утврди дислексијата кај тинејџерите: – Средношколецот што има дислексија, постојано го повторува материјалот за читање повеќе пати, сè додека не го разбере целосно; – Тинејџерите со дислексија имаат голема тешкотија со управувањето и следењето на домашните задачи, како и со зададените рокови за одредени задачи; – Дислексичарите најчесто не се свесни за задачите и обврските, затоа што неговите наставници „никогаш не им го кажале“ она што е потребно да се заврши; – Неретко се случува овие ученици да имаат тешкотии во учењето странски јазици. Оваа потеш...

ШТО ЧУВСТВУВААТ ЛИЦАТА СО ДИСЛЕКСИЈА?

Анксиозност – Анксиозноста е најчест емоционален симптом кој се сретнува кај лицата со дислексија. Лицата што се емоционално вознемирени од нивниот неуспех, ги попречува во можноста да мислат јасно. Учениците со дислексија се многу поподложни да ја искусат анксиозноста многу потешко. Ова произлегува од процесот познат како условување. Тој е еден воспоставен психолошки феномен, според кој, две појави обично се случуваат заедно. Појавата на едниот од нив е насочена да го потсети човекот на другото. Според тоа, дислексичните ученици секогаш се наоѓаат во ситуации кога тие имаат претходен неуспех и не го забораваат тоа, па затоа и реагираат со анксиозност.   Гнев (лутење) – Гневот е честа појава кај лицата со дислексија. Гневот се јавува како последица на фрустрациите во училиштата и соци...

10 % од населението во Европа се соочува со дислексија

За дислексијата многу често се вели дека е скриен недостаток. Токму поради таа причина не може да се утврди точниот број на децата и возрасните што имаат дислексија. Тоа е така поради тоа што кај многу деца дислексијата е доцна откриена, голем дел од дислексичарите применуваат многу добри стратегии за прикривање на своите недостатоци, што процесот на откривање на дислексијата кај нив го прави уште потежок. Постојат држави и општества каде што дислексијата е сè уште непозната состојба, и во едно такво опкружување на неинформираност, може да се каже дека дислексијата воопшто не е застапена, иако тоа не е така. Британското здружение за дислексија проценува дека во западниот свет дислексијата е застапена кај околу 10% од учениците, а 4% се соочуваат со сериозни потешкотии во учењето. Во Обедин...

Што претставува дислексијата?

Дислексијата, всушност, претставува проблем за којшто се води долгогодишна дебата, и создадени се многу дефиниции за неа во последните неколку децении. Класичната дефиниција е предложена од Светската федерација на невролози во 1968 година, која гласи: „Дислексијата претставува нарушување од конституциско потекло, кое се карактеризира со потешкотии во учењето, читањето и пишувањето, и покрај дадените адекватни образовни инструкции и присуство на нормална интелигенција и нормално социо-културно опкружување.“ Оваа дефиниција се заснова на критериумот за нееднаквоста меѓу вештините за читање и генералните когнитивни способности, односно интелигенцијата. Во оваа дефиниција, важно обележје за потешкотиите во учењето е достигнатото ниво на читање, кое е на значително пониско ниво во однос на возр...

  • 1
  • 2