Диспраксија

Диспраксија – техники за самопомош

За жал, за диспраксијата нема лек – нормално, затоа што не е болест. Диспраксијата е доживотна состојба и затоа треба да се делува на симптомите. На тој начин ќе си ја олесните состојбата. Прочитајте неколку совети за самопомош: РЕЛАКСАЦИЈА, СПОРТ И ВЕЖБИ Техниките за релаксација ни овозможуваат да се фокусираме на нашето тело на еден позитивен начин. Техниките за релаксација најдобро е да се комбинираат со спортски активности и вежби за да имаат најделотворен ефект кај лицата со диспраксија. Техника за визуелизација и позитивно мислење препорачана за диспраксија  (Dianne Zacchero) Најнапред почни да се релаксираш на следниов начин: Исклучи го телефонот и смести се на удобно и мирно место каде што нема врева; Избери смирувачка и тивка музика; Седни на удобна столица водејќи сметка ‘рбетот ...

КРАТКО ЗА ИСТОРИЈАТА НА ДИСПРАКСИЈАТА

Диспраксија е една од оние состојби што предизвикуваат тешкотии во учењето. За разлика од дислексијата и дискалкулијата, оваа состојба не е невидлива, туку може да се манифестира преку необично држење на телото и необични движења на рацете и нозете. Но, тоа може да го прочиташ во симптомите, кои се карактеристични за диспраксијата. Кога е откриена диспраксијата? За првпат диспраксијата е откриена од Колиер во 1900 година кога го користи терминот „Конгенитивна  незгода“ како име за оваа состојба. Значи, во теоријата диспраксијата како состојба  е позната околу 100 години! Во 1925 година, француски лекари и терапевти обрнуваат внимание на моторички непријатности кај многу деца со посебни потреби, нарекувајќи ја „моторна слабост“ или „психомоторен синдром“. Всушност, во 1937 година „диспракси...

КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДИСПРАКСИЈАТА

Овде ќе ги најдете најкарактеристичните знаци на диспраксијата. Воедно можете да ги користите и како листа за проверка за вас. КООРДИНАЦИЈА И РАМНОТЕЖА Слаба рамнотежа што се манифестира како отежнато возење велосипед, одење по греда или качување по скали; Лошо држење на телото и брз замор. Стоењето во место подолго време претставува тешкотија. Некои луѓе со диспраксија може да имаат рамни стапала; Лошата интеграција на левата и десната страна од телото може да предизвика проблеми со некои спортови што вклучуваат скокање и возење велосипед; Лоша координација меѓу рацете и очите. Овој недостаток може да влијае на способноста за учество во тимските спортови, особено оние што вклучуваат фаќање топка; Недостаток на ритам при танцување или аеробик; Несмасно одење и движење; Претерани и непотреб...

ШТО Е ДИСПРАКСИЈА

Диспраксијата не е знак на мускулна слабост или ниска интелигенција. Тоа е специфична состојба  на мозок која го отежнува планирањето и координирањето на физичкото движење. Лицата со диспраксија имаат тешкотија одржуваат рамнотежа и тешкотија да одржат правилно држење на телото. За опкружувањето тие изгледаат  несмасни или “не синхронизирани” . За диспраксијата често може да се сретне и изразот “ неспретна дислексија“. Инаку за диспраксија може да се сретнат многу имиња: нарушување на координацијата во развојот, потешкотии во  учење на моторички вештини, тешкотии во моторичкото  планирање или апраксија на говорот. Диспраксијата  може да влијае на развојот на груби моторички  вештини како одење, трчање или скокање. Таа, исто така може да влијае на фини моторни вештини. Тие вклуч...