Потешкотии во учењето

Тајни за успех на дислексичарите

Во светот имаме многу успешни луѓе со дислексија и безброј успешни приказни. Секоја од нив е инспирација и личен триумф. Не можеме сите да бидеме Том Круз или Ричард Бренсон, двајца хиперуспешни дислексичари, но успехот не се мери само во богатството и славата. Успехот претставува пронаоѓање на своето место на овој свет, градење на самодоверба и надминување на дислексичните потешкотии, а ова е нешто што секој дислексичар може да го постигне. Тоа го можеш и ти. Во повеќе наврати пишувавме за многуте успешни дислексичари низ светот. Но, што заедничко стои во позадина на сите тие успешни приказни? Мораме да бидеме свесни дека не постои магично стапче што ќе нè однесе до успехот. Не постои постигнување успех без вложен напор и напорна работа. Затоа, засукајте ги ракавите и започнете со работа....

Заеднички карактеристики на дислексичарите според Рон Дејвис

Според методот на Рон Дејвис, дислексичарите ќе покажуваат барем 10 од следниве карактеристики и однесувања. Овие карактеристики може да се разликуваат од ден за ден или од минута до минута. Постојано нешто за дислексичарите е нивната непостојаност. Општи карактеристики Изгледаат бистри, високоинтелигентни, и артикулирани, но не можат да читаат, пишуваат, или да читаат и пишуваат несоодветно за возраста; Етикетирани се како мрзливи, незаинтересирани, безгрижни, незрели, „не се труди доволно“, „има проблематично однесување“; Не се „доволно лоши со учењето“ за да се согледа дека им е потребна дополнителна помош; Имаат висок IQ, кој најчесто не може да се покаже на тестови; Се чувствуваат безвредни и глупави и имаат слаба самодоверба; ги кријат или прикриваат слабостите со генијални стратегии...

Како да развиете позитивна слика за себе

НЕМА ПРИЧИНА ДА СТРАДАТЕ ПОВЕЌЕ! Да имаш проблеми во училиштето е навистина тешко. Тоа создава вознемиреност и други социјални проблеми, и исто така, води до проблеми во однесувањето или депресија. И на крајот, секогаш резултат е ниската самодоверба. Наместо тоа, треба да одберете начин што ќе ве води до успехот. Toa ќе го постигнете со развивање на основните вештини за учење. Од ден на ден вашата самодоверба ќе се зголемува. Од ден на ден ќе станете подобри во учењето. Тие вештини ќе можете да ги применувате и при учењето дома.   Како да  развиете позитивна слика за себе: Да се прифатите онакви какви што сте. Секој ученик е вреден, сите се во училиштето за да учат. Постојат различни способности и вештини и секоја има своја вредност, односно истакната способност: читање, математика, с...

УМОТ НА ЕДЕН ДИСЛЕКСИЧАР – ДЕЛ 2

Размислуваат со слики наместо со зборови Без никакво изненадување, имаат тенденција да имаат високоразвиена визуелизација на нештата, па ја користат оваа визуелна помош за да ги планираат и организираат нивните животи. Едноставно животот го гледаат низ слики. Секогаш ќе имаат дислексија Тие можат да научат да читаат и да пишуваат, меѓутоа секогаш ќе имаат дислексија. За да им се олесни животот, започнати се процеси на изработка на посебен фонт и речник каде што фонтот ќе биде дизајниран да се избегне каква било конфузија и да се добие поголема прегледност, додека пак, во речникот ќе се даде особено внимание на значењето на зборовите наместо на нивниот редослед во буквите. Тие го користат мозокот различно Нивниот мозок помалку ја користи левата хемисфера, која е задолжена за делот со читање...

Умот на еден дислексичар – дел 1

Тешко е да се разбере, нели? Доколку не сте еден од оние 10 до 15 проценти од популацијата што има дислексија, тогаш е многу потешко да разберете. Лесно е да се помисли на ова како некој вид измама. Но, мислењето дека „ако овие луѓе само малку поработат на себе и се потрудат малку повеќе, би можеле да го поминат проблемот“, е тотално невистинито. Дислексијата е дарба за способност да се гледаат нештата од повеќе различни перспективи истовремено. Самата дарба доаѓа и со еден вид потешкотии што се однесуваат на тоа дека има збунетост при давањето приоритет или наоѓање логика во сите тие перспективи. Дислектичарите можат да бидат луѓе со кои е тешко да се живее, или пак, да се покажуваат чувства како љубов, поради тоа што нивниот мозок работи на поразличен начин од останатите. Дури и ако се з...

Дислексијата низ светот

ДИСЛЕКСИЈА ВО АНГЛИЈА Првпат дислексијата е спомената во Англискиот медицински весник во 1896 година. Во тоа време, дислексијата била наведена како „Congenital word blindness“. „The Word blind centre“ (Центар за слепило за зборови) бил основан во Лондон во 1965 година. Тоа е и првото здружение што се појавува во Англија. Подоцна се оформуваат „The Helen Arkell Dyslexia Centre“ во 1971 година, а потоа следува и Институтот за дислексија и Британската асоцијација за дислексија во 1972 година. Што се однесува до правната регулатива, дислексијата за првпат билa споменатa во 1970 година. Во 1993 година се определува како специјална образовна потреба во Образовниот закон. Во Актот за еднаквост во 2010 година. Во Англија се предвидени законски регулативи за помош на лицата со дислексија. За децата...

Совети од дислексични ученици до учениците што имаат дислексија

Никој не може целосно да разбере како е да се биде ученик со дислексија, како што тоа може да го разбере друг ученик со дислексија. Нашите наставници и родители имаат совети за нас, но сега ќе ви покажеме неколку совети од вистински експерти за дислексија. Совети за следење на времето Ана (15) вели дека нејзината најдобра стратегија за завршување на домашната задача е едноставна: „Никаква технологија околу себе додека се пишува домашната задача. Многу важна алатка за мене е големиот ѕиден календар. На него пишувам колку време ми е потребно да завршам некоја работа. Бидејќи сум дислексичар, потребно ми е повеќе време на тестовите, нели? Исто така, потребно ми е да го користам целото слободно време за да ја напишам домашната задача така како што треба. Многу ми користи тоа што на календарот ...

СТРАТЕГИИ ЗА ПОЛЕСНО ЧИТАЊЕ

Учебниците, лектирите и списанијата се само дел од секојдневните задачи што дислексичарот ќе треба да ги прочита. Дислексичарите генерално имаат проблеми со читањето, што може да им предизвика тешкотии во секојдневното живеење. Но, тоа не треба да обесхрабрува, бидејќи следните читачки стратегии можат да бидат од голема помош. Различни начини на читање Постојат три различни читачки техники, а тоа се: Техника за потрчување низ текстовите Техника за скенирање Техника за детали Целта на читањето е да се добијат информации. Во зависност од тоа што треба да го знаете, не секогаш е потребно читањето на секој збор од текстот. На пример, доколку сакате да пронајдете телефонски број во именикот, немате потреба да ги читате сите имиња што се напишани. Најверојатно само ќе ги скенирате имињата додека...

Дислексијата на балканските земји

Хрватска Не постои официјална владина дефиниција за дислексијата. Во практика се користи дефиницијата прифатена од BDA (British dyslexia association). За разлика од останатите земји од поранешна Југославија, изоставувајќи ја Словенија, Република Хрватска се наоѓа на врвот во однос на дислексијата, но сепак, ни приближно блиску до развиените европски земји. Единствениот тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис во Хрватска, Кристина Ана Мудринич, смета дека свеста на дислексијата е на високо ниво помеѓу хрватското население, но дека сè уште постојат одредени стигми околу оваа состојба. Голем дел од училиштата имаат тимови од стручни лица, кои им помагаат на учениците со дислексија. Дислексијата е регулирана во правна рамка, но не е доволно јасно поставена. Сепак, учениците со дислексија...

ПРИКАЗНАТА НА ИНГРИД

Гледањето телевизија може да биде средство за ублажување голем стрес по долгиот напорен ден. Но, како програмите доаѓаат од продукцијата до публиката? Тоа е местото каде што луѓето како Ингрид Купеиро (Ingrid Cupeiro) играат водечка улога. Како член на одделот за програмирање во Telemundo Network, Ингрид ги планира и координира програмите, и таа ја сака секоја минута од својата работа. Таа, исто така, работи на стратегии како да се натпреварува со други мрежи. „Мојот омилен дел од работата е конкуренцијата“, вели Ингрид. „Сакам да видам како функционираат едни против други и како се натпреваруваат меѓу себе.“ Иако Ингрид сега има работа во којашто ужива, во еден момент таа не била сигурна дали ќе заврши средно училиште – а камоли колеџ. Ова е поради тоа што на Ингрид ѝ било дијагност...

Што е самодоверба?

Самодовербата е особина која е од голема важност за секој човек. Позитивната самодоверба влијае на сигурноста и на мотивацијата во учењето.  За жал, особено учениците со дислексија се во ризик за слаб развој на самодовербата. Тие често се чувствуваат различни кога се споредуваат со останатите ученици, и исто така доживуваат многу фрустрации кои често се предизвикани од дислексијата. На пример, не им е лесно да ја задржат самодовербата не заборавајќи дека тие се побавни во зборувањето и реагирањето од другите. Ова може да се манифестира кај децата со дислексија – како дома, така и на училиште. Ако ученикот доживее успех во училиштето, ќе развие позитивни чувства за самиот себе и верба дека може да успее во животот. Но, доколку доживее неуспех и фрустрација, учи да биде инфериорно во односот...

10 препораки за наставниците за работа со ученици со дислексија

Пофалбата им дава сила. Критиката ги убива! На учениците со дислексија им треба поттик за јакнење на нивната самдоверба, за потоа да научат да се справуваат со дислексијата. Тие веќе доживеале неуспех и длабоко во себе чувствуваат дека не се способни за учење. За да ја вратите нивната самодоверба, пронајдете можност за покажување одреден успех, а потоа пофалете ги и најмалите достигнувања. Секое подобрување кај овие деца е огромен успех за нив. Не барајте од ученикот со дислексија читање на глас! Поради потешкотијата која ј имаат овие ученици и грешките што би ги направиле, тие би доживеале срам, што пак од друга страна е контраефективно за нивната самодоверба. Не ги казнувајте ако заборавиле книга или прибор Понудете им организациски стратегии за чување на приборот на едно место. Не го уп...