Tехники за самопомош

Како митот за мрзеливост влијае на децата со АДХД

    Обидете се да го замислите следново: Влегувате во кујната и го гледате вашето дете, кое се соочува со АДХД, како седи и се допишува со своите пријатели, наместо да го прави она што сте побарале од него- да ја испразни машината за миење садови. Веднаш се вознемирувате, бидејќи сте го потсетиле безброј пати, а и не се случило само еднаш. Всушност и не се работи само за расчистувањето на машината за садови, но истото се случува и со домашните работи и сите задачи кои не се толку забавни и бараат да се вложи напор. Секако дека ќе си помислите дека вашето дете е само многу мрзеливо, но за жал не сте единствени.   Често децата со АДХД (или АДД) ги гледаме како мрзеливи. Тука може да ги вклучиме родителите, наставниците, семејството и други. Секако, децата со АДХД, како и сите ...

Меморирачки стратегии за дислексичари

Дислексичарите најчесто имаат проблеми со краткотрајната меморија. Најлесна и наједноставна стратегија за меморирање е токму концептот на мапирање. Концепт на мапирање Постојат високоефективни стратегии што овозможуваат дислексичарите да ја препрочитаат својата пишана работа и да ги надминат нивните потешкотии во краткотрајното меморирање. Оваа техника се нарекува Концепт на мапирање и е слична на методот на Умственото мапирање. Концептот на мапирање овозможува дислексичарите да ги откријат несогласувањата во информациите на случаен начин, а потоа да се реорганизираат во кохерентен дел од писмената работа. Што всушност е концепт-мапирањето? Земањето прибелешки е линеарен процес, кој понекогаш претставува проблем за дислексичарите. Концепт-мапирањето е мултисензорен и визуелен начин за зема...

Диспраксија – техники за самопомош

За жал, за диспраксијата нема лек – нормално, затоа што не е болест. Диспраксијата е доживотна состојба и затоа треба да се делува на симптомите. На тој начин ќе си ја олесните состојбата. Прочитајте неколку совети за самопомош: РЕЛАКСАЦИЈА, СПОРТ И ВЕЖБИ Техниките за релаксација ни овозможуваат да се фокусираме на нашето тело на еден позитивен начин. Техниките за релаксација најдобро е да се комбинираат со спортски активности и вежби за да имаат најделотворен ефект кај лицата со диспраксија. Техника за визуелизација и позитивно мислење препорачана за диспраксија  (Dianne Zacchero) Најнапред почни да се релаксираш на следниов начин: Исклучи го телефонот и смести се на удобно и мирно место каде што нема врева; Избери смирувачка и тивка музика; Седни на удобна столица водејќи сметка ‘рбетот ...

Тајни за успех на дислексичарите

Во светот имаме многу успешни луѓе со дислексија и безброј успешни приказни. Секоја од нив е инспирација и личен триумф. Не можеме сите да бидеме Том Круз или Ричард Бренсон, двајца хиперуспешни дислексичари, но успехот не се мери само во богатството и славата. Успехот претставува пронаоѓање на своето место на овој свет, градење на самодоверба и надминување на дислексичните потешкотии, а ова е нешто што секој дислексичар може да го постигне. Тоа го можеш и ти. Во повеќе наврати пишувавме за многуте успешни дислексичари низ светот. Но, што заедничко стои во позадина на сите тие успешни приказни? Мораме да бидеме свесни дека не постои магично стапче што ќе нè однесе до успехот. Не постои постигнување успех без вложен напор и напорна работа. Затоа, засукајте ги ракавите и започнете со работа....

Како да развиете позитивна слика за себе

НЕМА ПРИЧИНА ДА СТРАДАТЕ ПОВЕЌЕ! Да имаш проблеми во училиштето е навистина тешко. Тоа создава вознемиреност и други социјални проблеми, и исто така, води до проблеми во однесувањето или депресија. И на крајот, секогаш резултат е ниската самодоверба. Наместо тоа, треба да одберете начин што ќе ве води до успехот. Toa ќе го постигнете со развивање на основните вештини за учење. Од ден на ден вашата самодоверба ќе се зголемува. Од ден на ден ќе станете подобри во учењето. Тие вештини ќе можете да ги применувате и при учењето дома.   Како да  развиете позитивна слика за себе: Да се прифатите онакви какви што сте. Секој ученик е вреден, сите се во училиштето за да учат. Постојат различни способности и вештини и секоја има своја вредност, односно истакната способност: читање, математика, с...

СТРАТЕГИИ ЗА ПОЛЕСНО ЧИТАЊЕ

Учебниците, лектирите и списанијата се само дел од секојдневните задачи што дислексичарот ќе треба да ги прочита. Дислексичарите генерално имаат проблеми со читањето, што може да им предизвика тешкотии во секојдневното живеење. Но, тоа не треба да обесхрабрува, бидејќи следните читачки стратегии можат да бидат од голема помош. Различни начини на читање Постојат три различни читачки техники, а тоа се: Техника за потрчување низ текстовите Техника за скенирање Техника за детали Целта на читањето е да се добијат информации. Во зависност од тоа што треба да го знаете, не секогаш е потребно читањето на секој збор од текстот. На пример, доколку сакате да пронајдете телефонски број во именикот, немате потреба да ги читате сите имиња што се напишани. Најверојатно само ќе ги скенирате имињата додека...

Што е самодоверба?

Самодовербата е особина која е од голема важност за секој човек. Позитивната самодоверба влијае на сигурноста и на мотивацијата во учењето.  За жал, особено учениците со дислексија се во ризик за слаб развој на самодовербата. Тие често се чувствуваат различни кога се споредуваат со останатите ученици, и исто така доживуваат многу фрустрации кои често се предизвикани од дислексијата. На пример, не им е лесно да ја задржат самодовербата не заборавајќи дека тие се побавни во зборувањето и реагирањето од другите. Ова може да се манифестира кај децата со дислексија – како дома, така и на училиште. Ако ученикот доживее успех во училиштето, ќе развие позитивни чувства за самиот себе и верба дека може да успее во животот. Но, доколку доживее неуспех и фрустрација, учи да биде инфериорно во односот...

Стратегии за полесно пишување

Пишувањето е неизбежен дел од секојдневниот живот на секој човек. Прашањето е: колку од вас ќе биде барано да пишувате во текот на работата. Во претходната статија пишувавме за читачките стратегии и како тие може да ви помогнат во текот на образованието. Во оваа статија ќе се осврнеме на стратегиите за пишување. Стратегија на организирање на мислите Пишувањето извештај од вас бара мултитаскинг, нешто во што голем број од дислексичарите имаат проблем. Не само што мислите мора да ги пренесете на хартија, туку тука се бара почитување граматика, интерпункција и разбирлив ракопис. За да го избегнете хаосот кој најверојатно ќе се случи во текот на пишувањето, потребно е пред да започнете со пишување, да се организирате и да направите план. Знам што сакам да кажам Можеби звучи очигледно и јасно, ...

Стератегии за самопомош на дислексичари

За учениците што учат аудитивно Доколку учите полесно преку слушање, односно аудитивно, отколку преку напишани текстови, размислете за користењето дигитални учебници, иако во Република Македонија многу ретко постојат ваков тип книги. Во ситуација кога достапноста на ваквиот тип книги е многу ограничена, како што е случајот во нашата држава, добра замена за тоа би бил вашиот мобилен телефон. Доколку навистина полесно учите преку слушање отколку преку читање, би можеле да замолите некој од вашите другари или некој од родителите на глас да го прочитаат материјалот, а вие да го снимите со помош на вашиот паметен телефон или диктафон. Откога ќе го снимите материјалот, ќе биде доволно да го преслушате и само двапати. За содржините што се на англиски јазик, од голема помош би било користењето чит...