Познати личности

Принцезата Беартис и покрај потешкотиите во читањето и пишувањето ја смета дислексијата за дарба

  Принцезата Беатрис открива дека има дислексија и дека таа состојба за неа представува чест и гордост. 28 годишната Беатрис, која била детектирана со оваа состојба кога имала 7 години, ја опишува дислексијата како дарба и алатка која дава можност да мислиме поинаку. За да го одбележи месецот на дислексијата, Принцезата Беатрис, отворено зборува за истата во центарот за дислексија Хелен Аркел, и вели: “Еден од моите најрани спомени е кога ја прелистував книгата на Беатрикс Потер. Се сеќавам дека илустрациите во книгата беа прекрасни, но зборовите во неа не ми значеа ништо. Кога одев на училиште го помнам моментот кога наставничката ми рече ‘што ме гледаш, зборовите не се напишани на моето чело’” Беатрис, која е најстара ќерка на принцот Ендру и седмата личност до тронот, вели дека иак...

Принцот Карл Филип “Ништо не ме прави потажен од фактот дека децата со дислексија се сметаат за глупави”

Принцот Карл Филип говори за својата битка со дислексијата. Принцот, кој има пасија кон брзи автомобили, лов и други активности на отворено,  заедно со неговата сопруга Принцезата Софија, веќе имаат две деца. Во однос на тоа принцот изјави дека нема да дозволи ниту едно од неговите деца да страда поради стигмата поврзана со дислексијата. “Принцот Карл Филип има дислексија” – изјави Бенгд Ерик Џонасон од Шведското Здружение за дислексија, каде што самиот Карл Филип е покровител. “Тој ми кажа колку е важно децата кои што имаат потешкотии во читањето и пишувањето да не бидат отфрлени од училиштето. Исто така, тој вели дека ништо не го прави потажен од тоа овие деца  да се сметаат за глупави поради нивната дислексија. Многу е важно учениците да не се чувствуваат отфрлени и сами во училиште. Мо...

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок открива дека има дислексија

Британскиот министер за здравство откри дека има дислексија и дека можеби никогаш не би постигнал толкав успех без да користи “спел-чекер”. Мет Хенкок во интервјуто за списанието “GQ”  објаснува дека досега никогаш не зборувал за својата дислексија, бидејќи не сакал да зборува за своите слабости. Според него модерната технологија може штетно да влијае врз менталното здравје на младите, но од друга страна може да им помогне во патот до успехот. Тој претходно ги повика директорите на училиштата да го забранат користењето на мобилните телефони за време на наставата, но денес не е толку сигурен во тоа. “Модерната технологија може многу да помогне. Ќе ви дадам еден личен пример. Никогаш претходно не сум го кажал ова, но јас имам дислексија и за истата не дознав во училиште, туку за време на мои...

Џон Ленон – дислексичарот на минатиот век

Поминати се повеќе од 30 години од смртта на еден од најмаркантните и највлијателните артисти во светот – Џон Ленон. Многумина за Ленон мислеле дека никогаш нема да успее во животот, особено поради тоа што потекнува од дисфункционално семејство кое живеело во едно гето во Ливерпул. Израснат е со неговата тетка Мими, која често му велела: „Супер ти оди со гитарата, Џон, ама никогаш нема да можеш да живееш од тоа.“ Обожавал да го слуша Елвис Присли на радио, но имал голем проблем со помнењето на текстовите од песните, и многу често текстовите ги пеел по свое. Во текот на училиштето се соочувал со многу потешкотии во учењето, со исклучок на музиката и уметностите. Училиштето го окарактеризирало како проблематичен и неодговорен ученик, при што набрзо е и избркан од училиштето. Но, тој успева д...

Селма Хаек: „Читам многу побавно од другите“

Селма Хаек е родена во 1966 година во Веракруз, Мексико и потекнува од богато семејство. На 12-годишна возраст нејзините родители ја испраќаат на школување во Њу Орлеанс. Токму таму и е дијагностицирана дислексијата, но го напушта училиштето. Своето образование го продолжува во Мексико, во полето на односите со јавноста, но по некоја година повторно го напушта факултетот за да биде актерка. Се преселува во Калифорнија за да биде актерка, иако нема познавање на англискиот јазик. „Дојдов таму и не знаев англиски, немав Зелена карта, не знаев дека треба да имам агент, не знаев да возам и како капак на сè – сум дислексична.“ Хаек сфатила дека како латино-девојка многу тешко ќе успее да биде актерка во Америка и дека нејзините можности се навистина ограничени во споредба со останатите. Токму за...

„Глупавото девојче“ постигна историски успех

Вупи Голдбер е родена во 1955 година во Њујорк како дете на самохрана мајка. Голдберг расте низ низа етикетирања од нејзиното опкружување. Таа издвојува: „Кога бев дете, тоа не го викаа дислексија. Едноставно ме нарекуваа бавна, ретардирана, глупава, ограничена…” За среќа, таа и нејзината мајка биле свесни дека ваквите етикетирања се неосновани, но воедно биле и свесни дека Вупи се соочува со некаков проблем, иако не знаеле со точно каков проблем се соочува. Во училиштето се соочува со многу проблеми, како од наставниците, така и од своите соученици, па така училиштето го напушта на 17-годишна возраст. Благодарение на еден ангажиран наставник, таа ги развива потребните вештини и ја зголемува својата веќе уништена самодоверба. Пред да започне со курс за актерство, таа работи како ѕида...

Хари Потер има диспраксија

Даниел Редклиф е еден од популарните актери што отворено зборуваат и не ја прикриваат својата состојба која им создавала тешкотии во учењето. Хари Потер е херој на една генерација деца и возрасни, кои се љубители на книгите. Но, актерот Даниел Редклиф, кој го игра мудриот волшебник во филмовите на Хари Потер, исто така, стана херој. Тој зборува за децата со диспраксија, состојба која го отежнува планирањето и координирањето на физичкото движење. Даниел Редклиф, кој има блага форма на диспраксија, ги знае тешкотиите што може да ги донесе  состојбата наречена „диспраксија“. Како дете тој имал проблеми со ракописот и врзување на врвките на обувките. Неговите први училишни години биле многу тешки, бидејќи тој се чувствувал ужасен во сè и немал некои особени таленти. Тој верува дека неговиот из...

Џејми Оливер: „Никогаш не дозволив дислексијата да биде пречка за мојот успех“

Џејми Оливер има дислексија, но тој не дозволил дислексијата да го спречи да биде наречен најголемиот готвач во светот. Во основно училиште Џејми бил префрлен во класот за ученици со посебни потреби, поради потешкотиите во учењето. Во едно интервју тој признава дека во училиштето никогаш не успевал да ги истакне своите способности, а неговата дислексија навистина влијаела на неговиот успех во училиштето. Џејми е убеден дека ниту тој самиот ниту, пак, кој било во училиштето ја препознал неговата дислексија. Често напоменува дека поради тоа што ниту еден наставник не знаел да ја препознае неговата дислексија, тој и не ја добивал потребната помош во текот на образованието. Денеска тој верува дека имаме многу подобар образовен систем во однос на лицата со дислексија за разлика од порано, но се...

E = mc2 е резултат на дислексија

Не е тајна дека во светот има милиони и милиони луѓе што имаат дислексија. Но, дали е возможно да се докаже дека еден од најбрилијантните умови во светот имал дислексија? Многумина зборуваат дека токму Алберт Ајнштајн бил дислексичар, што можеби е навистина тешко да се поверува дека токму човекот којшто ја измислил теоријата на релевантноста, имал проблеми со учењето. Никогаш не може да се дознае дали некој има дислексија доколку не се изврши соодветна проценка. А, дефинитивно за некој што е починат, не може да се одреди дали имал дислексија или, пак, не. По едно направено истражување може да се заклучи дека Ајнштајн најверојатно имал дислексија. Следуваат 4 карактеристики што ги поседувал АЈНШТАЈН, а укажуваат на тоа дека тој бил дислексичар. Имал задоцнет говор Како многу лица со дислекс...

СЛАВНИ  ЛИЧНОСТИ  СО  ДИСКАЛКУЛИЈА

Дискалкулијата е  состојбата која е поретка од дислексија а и помалку позната. Од тие причини дискалкулијата е помалку присутна  станува збор за информации и ресурси на веб-страниците и блоговите. На пример,за  дислексијата  можат да се најдат обемни листи на познати личности кои имаат или имаат пријавено дека имале дислексија. Познатите личности кои се соочувале со разни состојби кои предизвикувале тешкотии во учењето секогаш се поттик и инспирација за лицата кои се соочуваат со некоја од овие состојби. Оние кои се соочуваат со тешкотиите со математиката остануваат , на некој начин , посиромашни за информации од ваков тип. При пребарување на веб порталите за познати лица со дискалкулија , можат да се сретнат неколку имиња: Американскиот актер Хенри Винклер се споменува како актер кој има ...

Том Круз: „Дислексијата не ме спречи да бидам успешен актер“

Средното училиште го завршува во 1980 година и вели дека по завршувањето на средното училиште, сè уште бил неписмен поради проблемите со читањето и учењето. Круз покажува потешкотии во учењето уште од најрана возраст, но конечно научил да чита дури кога бил возрасен, со помош на „Study Technology“, метод за учење создаден од Рон Хабард. Мојот најголем сон како дете беше да бидам пилот. Како дете, моите родители многу често се селеа од едно на друго место. Најважната работа за мене, при секоја селидба, беше да ги имам со мене сликите од авионите. На 22 години го подготвив филмот Top Gun и конечно добив можност да ми се оствари сонот, односно да бидам пилот. Па така, почнав да земам часови за летање, но едноставно не успеав. Луѓето почнаа да ме прашуваат што се случи и зошто не продолжив, па...

Кира Најтли: „Сценариото за филмот Чувство и чувствителност ми помогна да ја надминам дислексијата“

Извонредно талентираната актерка Кира Најтли објави дека ја надминала дислексијата како дете со читање сценарио од Ема Томсон. 32-годишната актерка вели дека единствениот начин на кој таа можела да го надмине нејзиниот проблем со учењето, било читањето на сценариото за филмот Чувство и чувствителност и замислувајќи што Томсон ќе направи во „нејзините чевли“. Најтли, која била дијагностицирана со дислексија на 6-годишна возраст, изјавила дека е голем фан на режисерката која е добитничка на оскар – почитуваната Ема Томсон. За списанието GQ magazine изјавила: „Мајка ми во тоа време работеше на филмот Чувство и чувствителност и дома ми донесе копија од сценариото на филмот што го има напишано Томсон.“ Јас само кажав: „Ама, јас сум дислексична, како да го прочитам целото сценарио?” Мајка ми го ...

  • 1
  • 2