Совети

Како митот за мрзеливост влијае на децата со АДХД

    Обидете се да го замислите следново: Влегувате во кујната и го гледате вашето дете, кое се соочува со АДХД, како седи и се допишува со своите пријатели, наместо да го прави она што сте побарале од него- да ја испразни машината за миење садови. Веднаш се вознемирувате, бидејќи сте го потсетиле безброј пати, а и не се случило само еднаш. Всушност и не се работи само за расчистувањето на машината за садови, но истото се случува и со домашните работи и сите задачи кои не се толку забавни и бараат да се вложи напор. Секако дека ќе си помислите дека вашето дете е само многу мрзеливо, но за жал не сте единствени.   Често децата со АДХД (или АДД) ги гледаме како мрзеливи. Тука може да ги вклучиме родителите, наставниците, семејството и други. Секако, децата со АДХД, како и сите ...

ДАЛИ ДИСЛЕКСИЧАРИТЕ МОЖАТ ДА УСПЕАТ ВО УЧИЛИШТЕ И ВО ЖИВОТОТ?

  Постои нешто многу интересно во врска со фактот дека повеќето успешни директори или политичари имале пониски оцени во текот на своето образование. Како на пример, фактот дека Стив Џобс имал тројки во училиште, иако ја оформил најголемата и најпрофитабилна компанија во светот. Но, што ако ваквите приказни повеќе зборуваат за квалитетот на училиштата и образованието воопшто? Статистиката покажува дека училиштата во Соединетите Американски Држави не ги поседуваат најдобрите вештини и практики што се потребни за понатамошен успех во животот откако ќе се заврши средното образование. Шокантно голем број ученици со завршено средно образование бараат да посетуваат и дополнителна настава кога ќе се запишат во колеџ. Конкретно во Њујорк, кој е поразличен од другите градови, ја следи оваа стат...

Тајни за успех на дислексичарите

Во светот имаме многу успешни луѓе со дислексија и безброј успешни приказни. Секоја од нив е инспирација и личен триумф. Не можеме сите да бидеме Том Круз или Ричард Бренсон, двајца хиперуспешни дислексичари, но успехот не се мери само во богатството и славата. Успехот претставува пронаоѓање на своето место на овој свет, градење на самодоверба и надминување на дислексичните потешкотии, а ова е нешто што секој дислексичар може да го постигне. Тоа го можеш и ти. Во повеќе наврати пишувавме за многуте успешни дислексичари низ светот. Но, што заедничко стои во позадина на сите тие успешни приказни? Мораме да бидеме свесни дека не постои магично стапче што ќе нè однесе до успехот. Не постои постигнување успех без вложен напор и напорна работа. Затоа, засукајте ги ракавите и започнете со работа....

Како да развиете позитивна слика за себе

НЕМА ПРИЧИНА ДА СТРАДАТЕ ПОВЕЌЕ! Да имаш проблеми во училиштето е навистина тешко. Тоа создава вознемиреност и други социјални проблеми, и исто така, води до проблеми во однесувањето или депресија. И на крајот, секогаш резултат е ниската самодоверба. Наместо тоа, треба да одберете начин што ќе ве води до успехот. Toa ќе го постигнете со развивање на основните вештини за учење. Од ден на ден вашата самодоверба ќе се зголемува. Од ден на ден ќе станете подобри во учењето. Тие вештини ќе можете да ги применувате и при учењето дома.   Како да  развиете позитивна слика за себе: Да се прифатите онакви какви што сте. Секој ученик е вреден, сите се во училиштето за да учат. Постојат различни способности и вештини и секоја има своја вредност, односно истакната способност: читање, математика, с...

Техники за пишување на состави кога е присутна дисграфијата

Од особена важност е учениците да не го избегнуваат целосно процесот на пишување, без оглед колку е тешка нивната дисграфија. Пишувањето е важна животна вештина потребна за потпишување документи, пополнување формулари, пишување писма, пишување телефонски пораки или пишување список за намирници. Затоа студентите треба да бидат способни да пишуваат, дури и ако не можат да пишуваат подолго време. Некои ученици со дисграфија може да пишуваат или препишуваат поединечни реченици со одредена леснотија, но тие обично имаат тешкотија со пишување состав. Овие ученици ќе треба да се научат на техники што им овозможуваат да го пишуваат секој дел поединечно пред да ги обединат во еден текст. За полесно пишување текстови, учениците можат да ги следат овие осум чекори: Размислете поединечно за сите ваши ...

7 СОВЕТИ ЗА УСПЕШНО ЖИВЕЕЊЕ СО ДИСЛЕКСИЈАТА

Сум прочитал многу статии за личности што ја надминале својата дислексија. Навистина им честитам на овие личности. Мојата дислексија беше откриена прилично на рана возраст. Јас и моите родители вложивме навистина многу време, напори и финансиски средства во третманот и надминувањето на мојата дислексија, но не ја надминав. Едноставно, научив да живеам со мојата дислексија. Ова се мои 7 совети за како успешно да живеете со својата дислексија: Вежбајте, вежбајте и вежбајте читање – знам дека можеби во читањето и не пронаоѓате некое посебно задоволство, но верувајте, само со напорно вежбање на читањето, тоа нема да ви претставува голем проблем. За некои луѓе аудио-читањето е многу корисно и може да ги зголеми нивните капацитети за читање. Стекнете се со пишувачка независност – сè што треба да...