Занимливости

Бранка Бугариска – Арс Ламина ги поттикнува децата да ги развиваат нивните читачки навики и да ја засакаат книгата

Неодамна на Филозофскиот Факултет се одржа промоцијата на првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава, како дел од промоцијата на фонтот DyslexicFZF и додавката Бато заедно со нашите пријатели издавачката куќа Арс Ламина ги промовиравме и 40-те лесно читливи изданија на лектири прилагодени за учениците со дислексија. На овогодинешниот саем на книгата Арс Ламина ја освои и првата награда од Македонската асоцијација на издавачи токму за проектот „Лесно читливи лектири“. За тоа што претставува овој проект кој е поддржан од Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и Филозофскиот Факултет Скопје ќе дознаете од разговорот со Бранка Бугариска директорка на издаваштво во Арс Ламина.  1. Всушност, што претставува проектот „Лесно читливо“? Проектот „Лесно читливи лектири“ е едиција на лект...

Достапна е првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за која во светот повеќе од една деценија се користи асистивна технологија. Преку асистивната технологија значително се олеснуваат проблемите со кои се соочуваат лицата со дислексија. Во нашата држава овој тип на технологија воопшто и не постоеше се додека Филозофскиот Факултет Скопје, Здружението за дислексија Ајнштајн и ИТ компанијата Emit Knowledge не ги превземаа првите чекори кон создавање на инклузивни образовни услови за лицата со дислексија преку креирање на првиот кирилски фонт за дислексија и креирање на првиот Dyslexic Plug-in наменет за интернет пребарувачот Google Chrome. DyslexicFZF претставува компјутерски фонт наменет за лицата кои имаат тешкотии во читањето, односно лицата со дислексија. Основната цел на пост...

Бато е додаток на Chrome пребарувачот кој обезбедува помош при читање за лица со дислексија

Информатичката технологија е многу корисна за лицата кои се соочуваат со дислексија. Во светски рамки постојат голем број на технолошки иновации кои го олеснуваат читањето и пишувањето, односно ги олеснуваат потешкотиите со кои се соочуваат лицата со дислексија. ИТ компанијата Emit Knowledge го следи примерот на развиените земји за создавање на инклузивно општество за лицата со дислексија користејќи ја информатичката технологија. Со креирањето на првата додавка наменета за интернет пребарувачот Google Chrome, IT  компанијата Emit Knowledge  докажува колку е важна општествената одговорност на компаниите во нашето општество. Со Марјан Николовски сопственик на Emit Knowledge разговараме за можностите кои ги нуди новата додавка и за начините на кои истата би ги олеснила секојдневните предизвиц...

DyslexicFZF ги прави подостапни текстуалните содржини за лицата со дислексија

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за која во светот повеќе од една деценија се користи асистивна технологија. Преку асистивната технологија значително се олеснуваат проблемите со кои се соочуваат лицата со дислексија. Во нашата држава овој тип на технологија воопшто и не постоеше се додека Филозофскиот Факултет Скопје, Здружението за дислексија Ајнштајн и ИТ компанијата Emit Knowledge не ги превземаа првите чекори кон создавање на инклузивни образовни услови за лицата со дислексија преку креирање на првиот кирилски фонт за дислексија и креирање на првиот Dyslexic Plug-in наменет за интернет пребарувачот Google Chrome. Со Доц.др. Александра Каровска Ристовска и м-р Маја Филиповска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација  при Филозофскиот Факулте...

Повик за истражување

  Почитувани, Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во партнерство со Филозофскиот факултет Скопје и компанијата Emit Knowledge го спроведува проектот насловен “Асистивна технологија за дислексија” финансиран од Европската Унија, во период од Октомври 2018 година до мај 2019 година. Целта на проектот е овозможување на пристапна асистивна технологија за лицата со дислексија, преку креирање на дислексик плаг-ин додавка за пребарувачот “Google Chrome”. Со остварувањето на целта на овој проект, ќе се овозможи бесплатен пристап до ново креираната асистивна технологија за дислексија, односно пристап до првиот кирилски фонт за дислексија “DyslexicFZF”. За да ја оствариме целта на проектот, проектниот тим во соработка со Филозофскиот факултет Скопје спроведува истражување за утврдување на ефикас...

Пораката на Џејми Оливер до сите деца со дислексија

Како светски најпознат готвач на ова време, Џејми Оливер има публикувано 20 книги, со заработка од 250 милиони долари, а за време на училишните денови бил етикетиран како дете со посебни потреби поради својата дислексија. Тој исто така немал прочитано ниту една книга се до својата 38ма година. Неодамна, за Radio Times изјави дека токму во дислексијата се крие тајната на неговиот успех. “Навистина мислам дека кога ќе разберете дека некое дете има дислексија, треба да клекнете пред него, да му подадете рака и да му кажете “Браво! Ти имаш многу среќа!” Кога сум на состанок, едноставно поинаку гледам на проблемите и се залагам за работите на поинаков начин. За некои треба да се испотите и да плачете и сами да ги направите.”- вели тој. Претседателот на Австралиското здружение за дислексија, Џод...

Како митот за мрзеливост влијае на децата со АДХД

    Обидете се да го замислите следново: Влегувате во кујната и го гледате вашето дете, кое се соочува со АДХД, како седи и се допишува со своите пријатели, наместо да го прави она што сте побарале од него- да ја испразни машината за миење садови. Веднаш се вознемирувате, бидејќи сте го потсетиле безброј пати, а и не се случило само еднаш. Всушност и не се работи само за расчистувањето на машината за садови, но истото се случува и со домашните работи и сите задачи кои не се толку забавни и бараат да се вложи напор. Секако дека ќе си помислите дека вашето дете е само многу мрзеливо, но за жал не сте единствени.   Често децата со АДХД (или АДД) ги гледаме како мрзеливи. Тука може да ги вклучиме родителите, наставниците, семејството и други. Секако, децата со АДХД, како и сите ...

Како го одбележавме октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Веќе е познато дека Октомври е месец на дислексијата. За таа цел, во светски рамки, различните компании и организации допринесуваат за подигнување на јавната свест за дислексијата, преку креирање на кампањи, конференции и герила акции. Во Република Македонија, главен придонес во подигнување на јавната свест за дислексијата има нашето здружение. Овој Октомври, за да го одбележиме месецот на дислексијата организиравме низа на активности. Транспарентни информации за дислексијата Како дел од проектот “Транспарентни информации за дислексијата” поддржан од Фондација Отворено општество Македонија , организиравме три панел дискусии, на три различни теми. Темата на првата одржана панел дискусија беше насловена “Дислексијата во Република Македонија”.На оваа панел дискусија свој говор имаа д-р Мира Ј...

Креативци со преголемо срце

Некои би рекле потешкотија, јас би рекла дарба. Некои би рекле состојба, јас би рекла шарени умови. Попреченост, болест ни најмалце! Јас, јас би ги дефинирала како љубов она искрена, како чувство она знаете кога од среќа се движите напред назад и не знаете што попрво да направите. Јас јас би ги дефинирала како платно со многу бои, палета. Жолта за среќа, сина за успех, зелена за позитива, црвена за љубов, бела за ведрина, портокалова за новиот ден. Како интелектуалци, како личности кои што развиваат свои на чуден начин теории. Би ги дефинирала како музика, како ноти, како кутија полна со емоции, многу емоции. Како блок број 5, на кој што со големи букви секоја во разна боја пишува СРЕЌАЉУБОВ НАСМЕВКАМАМАТАТО. За мене дефиниција е ова: Дислексија=креативност Дислексија=интуиција Дислексија=...

Microsoft објави асистивна технологија за лицата со дислексија

Microsoft објави низа на нови алатки, односно асистивна технологија за лицата кои се соочуваат со дислексија, а со тоа дадоа голем глобален придонес за овие лица. Со потпишувањето на соработка со фондацијата Made by dyslexia, оваа компанија вети дека ќе даде свој придонес во олеснувањето на читањето, пишувањето и математиката за лицата со потешкотии во учењето. Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, ја објави оваа вест на глобалниот самит Made by dyslexia на 15 октомври во Лондон, преку креативно видео. “Задоволен сум од прогресот кој го правиме со новите алатки за учење, кои се дел од Microsoft 365.” – изјави тој, а потоа во една од неговите објави на LinkedIn напиша- “Ништо не ми причинува поголемо задоволство, од тоа да ги гледам нашите клиенти задоволни од технологијата што ја гр...

Принцезата Беартис и покрај потешкотиите во читањето и пишувањето ја смета дислексијата за дарба

  Принцезата Беатрис открива дека има дислексија и дека таа состојба за неа представува чест и гордост. 28 годишната Беатрис, која била детектирана со оваа состојба кога имала 7 години, ја опишува дислексијата како дарба и алатка која дава можност да мислиме поинаку. За да го одбележи месецот на дислексијата, Принцезата Беатрис, отворено зборува за истата во центарот за дислексија Хелен Аркел, и вели: “Еден од моите најрани спомени е кога ја прелистував книгата на Беатрикс Потер. Се сеќавам дека илустрациите во книгата беа прекрасни, но зборовите во неа не ми значеа ништо. Кога одев на училиште го помнам моментот кога наставничката ми рече ‘што ме гледаш, зборовите не се напишани на моето чело’” Беатрис, која е најстара ќерка на принцот Ендру и седмата личност до тронот, вели дека иак...

Принцот Карл Филип “Ништо не ме прави потажен од фактот дека децата со дислексија се сметаат за глупави”

Принцот Карл Филип говори за својата битка со дислексијата. Принцот, кој има пасија кон брзи автомобили, лов и други активности на отворено,  заедно со неговата сопруга Принцезата Софија, веќе имаат две деца. Во однос на тоа принцот изјави дека нема да дозволи ниту едно од неговите деца да страда поради стигмата поврзана со дислексијата. “Принцот Карл Филип има дислексија” – изјави Бенгд Ерик Џонасон од Шведското Здружение за дислексија, каде што самиот Карл Филип е покровител. “Тој ми кажа колку е важно децата кои што имаат потешкотии во читањето и пишувањето да не бидат отфрлени од училиштето. Исто така, тој вели дека ништо не го прави потажен од тоа овие деца  да се сметаат за глупави поради нивната дислексија. Многу е важно учениците да не се чувствуваат отфрлени и сами во училиште. Мо...