Сподели го написот

Дислексија / Совети

ДАЛИ ДИСЛЕКСИЧАРИТЕ МОЖАТ ДА УСПЕАТ ВО УЧИЛИШТЕ И ВО ЖИВОТОТ?

ДАЛИ ДИСЛЕКСИЧАРИТЕ МОЖАТ ДА УСПЕАТ ВО УЧИЛИШТЕ И ВО ЖИВОТОТ?

 

Постои нешто многу интересно во врска со фактот дека повеќето успешни директори или политичари имале пониски оцени во текот на своето образование. Како на пример, фактот дека Стив Џобс имал тројки во училиште, иако ја оформил најголемата и најпрофитабилна компанија во светот. Но, што ако ваквите приказни повеќе зборуваат за квалитетот на училиштата и образованието воопшто? Статистиката покажува дека училиштата во Соединетите Американски Држави не ги поседуваат најдобрите вештини и практики што се потребни за понатамошен успех во животот откако ќе се заврши средното образование.

Шокантно голем број ученици со завршено средно образование бараат да посетуваат и дополнителна настава кога ќе се запишат во колеџ. Конкретно во Њујорк, кој е поразличен од другите градови, ја следи оваа статистика и работи во врска со овој проблем. Повеќето градови и земји се приспособуваат на ова решение со зголемен фокус на сè повисоките нивоа и вештини, како што се решавање проблеми, критично мислење и креативност. Време е да се изврши многу сличен пристап за едукацијата на студентите коишто поседуваат потешкотии и разлики во учењето.

За жал, подолго време едукацијата на студенти со потешкотии во учењето е одделена од тековната настава, односно за нив се применува специјална образовна програма. Иако терминот специјална сугерира на воспоставување целосно нов метод на образование, тоа не е потребно за учениците со дислексија. Учениците што се со потешкотии во учењето, се целосно способни за да учествуваат во класичната настава, доколку училиштето, во склоп со наставниците, се подготвени да направат и воспостават промени.

Учениците со потешкотии во учењето имаат огромен талент, висока креативност и академски потенцијал, и секако, да не се споменува потенцијалот за искуственото учење седејќи во средина помеѓу нивните врсници. Повеќето училишни системи не ја препознаваат оваа можност за учениците што учат поинаку и за нивните соученици. Земете ја дислексијата како пример. Долга листа на дислексичари имаат извонреден успех во нивните кариери, почнувајќи од претседателот Винстон Черчил и Генералот Џорџ С. Патон, до Стивен Спилберг, Томи Хилфигер и Ричард Бренсон.

Зошто има толку многу претприемачи што имаат дислексија? Можеби затоа што дислексичарите се заглавени во систем што не ги негува и препознава нивните вештини и е потребно самите да мислат надвор од границите или, пак, затоа што се соочиле со потешкотии од многу рана возраст. Учениците што научиле да го совладуваат неуспехот и да демонстрираат упорност и еластичност (често во комбинација со семејното опкружување) се многу поуспешни во училиштата и пошироко.

Способностите како креативност, емпатија и инвентивност се доста потребни за да се види кој може да биде поснаодлив и поуспешен во животот. Овие вештини и способности се забележани кај учениците што имаат дислексија. Ако дислексичарите се чини дека се вешти за размислување надвор од границите, се адаптираат на нови ситуации и решаваат проблеми што се главен клуч за успехот низ животот и работните обврски, а училиштата треба да ги наградат ваквите вештини. Наместо тоа, дислексичарите ги ставаат во училишниот систем каде што успехот е надвор од дофат. Дури и корпоративниот свет има разбрано дека вештините за решавање проблеми се поголем индикатор за успех од обичните перформанси на вработените.

Додека училишните системи го избегнуваат овој проблем, голем број едукатори низ земјата го имаат прифатено предизвикот да се приспособат кон потребите на учениците со дислексија. Во поголемиот дел од училиштата за дислексија во северниот дел на Њујорк се подготвуваат индивидуални туторски сесии за да ја приспособат наставата за потребите на секое дете, дозволувајќи им на учениците да напредуваат лично. Во центарот на Јеил за дислексија и креативност, Доктор Sally Shaywitz води истражување за: Кои се најдобрите начини за да им се помогне на дислексичарите да ги искористат своите потенцијали, креативноста, емпатијата и критичкото мислење за да ги постигнат целите што им се поставени во нивниот живот. Во поголемите случаи, водечкиот експерт за дислексија, доктор Дијана Кинг, во последните 50 години многу често ги повикува учениците да кренат рака доколку сакаат да ја повикаат магичната самовила да ги посипе со магичен прав и нивната дислексија да исчезне. Никогаш ниту една рака не била крената. Децата во овој центар се подготвени и желни да го искористат својот потенцијал со самото вклучување во образовниот систем. Време е поголемиот дел, ако не и сите, образовни системи да им помогнат во формирање правилен образовен систем за учениците со дислексија.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>