Сподели го написот

Дисграфија

ШТО Е ДИСГРАФИЈА

ШТО Е ДИСГРАФИЈА

Дисграфијата е состојба која предизвикува проблеми со писмено изразување. Терминот произлегува од грчките зборови dys (“оштетени”) и графија (“правење писмени форми со рака”). Дисграфијата не  е резултат на интелектуален дефицит , неадекватни инструкции ниту пак на мрзеливост. Таа е резултат на различноста на мозокот при процесирање на информациите.

За многу деца и возрасни со дисграфија, самото држење на  молив или  организирање на буквите на линија претставува  тешкотија. Нивниот ракопис има тенденција да биде неразбирлив и неуреден. Многумина од нив се борат со правописот и со ставањето на  мислите на хартија.

Различни професионалци можат да користат различни термини за да ги опишат проблемите со писмено изразување. Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања-5 (ДСМ-5) не го користи терминот дисграфија, но ја користи фразата “оштетување во пишано изразување” под категоријата “специфично нарушување во учењето”.

Без разлика која дефиниција се користи за дисграфијата, доволно е да се разбере дека невештото пишување или  неможноста да се искажат идеите во писмена форма не треба да се етикетира како мрзливост, нзрелост или пак како недоволен интелектуален капацитет. Пишувањето бара сложен сет на фини моторички вештини за обработка на јазикот. За лицата  со дисграфија, процесот на пишување е потежок и побавен. Без помош во вид на специјализирани третмани, ученикот со дисграфија може да се соочува со тешкотии во текот на образованието.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>