Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Дислексичарите се поуспешни бизнисмени од останатите

Дислексичарите се поуспешни бизнисмени од останатите

Дислексијата најчесто се нарекува и скриен недостаток, и многу често се запрашуваме што ги прави луѓето со дислексија толку успешни бизнисмени и претприемачи. Познато е дека бизнисмените што се дислексичари, се многу успешни, но спроведено е истражување што ќе ни покаже зошто е тоа така.

Во 2001 и 2007 година, професорката Џули Логан спроведувала истражување за тоа колку бизнисмени и претприемачи се дислексичари. Исто така, во текот на истражувањето испитувала кои карактеристики се поизразени и посилни кај дислексичарите што се претприемачи и кај останатите претприемачи што немаат дислексија. Студијата започнува во 2001 година во Обединетото Кралство каде што 20% од бизнисмените се изјасниле како дислексичари. Во 2007 година истражувањето е спроведено во САД каде што повеќе од една третина од успешните претприемачи се изјасниле дека се дислексичари.

Бројките се запрепастувачки, но тие откриваат нешто што е од големо значење: Дислексијата претставува нешто многу повеќе од потешкотии во учењето и читањето. Дислексијата има и многу позитивни аспекти. Всушност, дислексијата на претприемачите им го нуди токму она што им е потребно за успех.

Дислексичните претприемачи или бизнисмени, споредбено со останатите, имаат поголеми можности да бидат милионери. Тие, исто така, имаат поголема веројатност да поседуваат повеќе бизниси, наспроти да ги фокусираат сите свои напори на само едно место. Голема предност за нив е и гледањето на големата слика, наместо фокусирањето на деталите што одземаат многу време. Тоа им овозможува да успеат каде што останатите не можат. Овие бизнисмени имаат желба и мотив да продолжат понатаму кога другите ќе се откажат. За време на детството, дислексичарите се принудени да изнаоѓаат стратегии и креативни решенија на проблемите за да можат да се вклучат во системот во коишто останатите одлично функционираат, а тие не можат да се пронајдат. Навикнати се да работат многу понапорно од останатите ученици за да можат да постигнат добри резултати во училиште. Токму овие проблеми со кои се соочувале и нивната борба станала нивно секојдневие, и токму затоа можат полесно да ги согледаат проблемите во својата работа и да ги надминат.

Дислексијата можеби го спречува читањето, но затоа развива многу други вештини кај секоја индивидуа. Дислексичарите можеби имаат проблем со читањето, но затоа перфектно знаат да ги читаат луѓето. Потпирајќи се на своите способности да ги „читаат“ луѓето и на својата интуиција, тие речиси секогаш можат да го изберат вистинскиот човек за работа без да згрешат, и веднаш да ги делегираат одговорностите. Ова е нешто во коешто останатите бизнисмени имаат навистина голем проблем.

Уште еден важен фактор за нивниот успех е можноста да комуницираат ефикасно. Во текот на своето образование навистина напорно се труделе да ги разберат информациите во училиштето, но токму тоа ги има научено како секогаш прво да ги согледуваат важните информации и факти. Способноста да се извлече главната информација ги носи на посакуваната позиција без залудно да го трошат времето на неважните информации или факти. Тие имаат и способност да ги направат комплексните идеи во многу едноставна и разбирлива форма. Сето ова ги прави многу поуспешни од останатите.

Бизнисот не е успешен само поради парите што ќе ги вложите, туку од идеите што стојат зад тој бизнис. Студијата на д-р Логан покажува дека дислексичарите имаат извонредно голема кративност и токму затоа се успешни во нивните бизниси. Замислете што би се случило од бизнисот ако само имате пари да вложите, а немате никакви идеи.

Доказ за тоа колку многу се успешни бизнисмените и претпиемачите што имаат дислексија, ни говори фактот дека Бил Гејтс, Стив Јобс, Ричард Бренсон, Ингвар Кампард, сопственикот на ИКЕА, се само дел од оние успешни бизнисмени што имаат дислексија.

Ако 35% проценти од најуспешните претприемачи и бизнисмени во светот никогаш не започнеле свој бизнис поради дислексија, денеска ќе немавме огромен број технолошки напредок и оригинални идеи. Без нив услугите и производите во кои уживаме денеска, едноставно немаше да ни бидат достапни.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>