Сподели го написот

Дислексија / Занимливости

Дислексијата на балканските земји

Дислексијата на балканските земји

Хрватска

Не постои официјална владина дефиниција за дислексијата. Во практика се користи дефиницијата прифатена од BDA (British dyslexia association).

За разлика од останатите земји од поранешна Југославија, изоставувајќи ја Словенија, Република Хрватска се наоѓа на врвот во однос на дислексијата, но сепак, ни приближно блиску до развиените европски земји.

Единствениот тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис во Хрватска, Кристина Ана Мудринич, смета дека свеста на дислексијата е на високо ниво помеѓу хрватското население, но дека сè уште постојат одредени стигми околу оваа состојба.

Голем дел од училиштата имаат тимови од стручни лица, кои им помагаат на учениците со дислексија. Дислексијата е регулирана во правна рамка, но не е доволно јасно поставена. Сепак, учениците со дислексија имаат право на посебна образовна програма приспособена за нивните потреби, доколку се детектирани со дислексија од страна на Државниот центар за детекција на дислексијата.

Правната рамка во Хрватска, покрај посебната образовна програма за учениците со дислексија, овозможува и намалување на обемот на литературата, замена на писменото одговарање со усно и обезбедување на дополнително време за писмено и усно одговарање.

Грција

Во последните 20 години грчкиот образовен систем започна да обрнува сè поголемо внимание на децата што имаат дислексија, но сепак, она што го имаат направено не е доволно. Грчкиот образовен систем внимава на специфичните потреби што ги имаат децата со дислексија, па со таа цел во основните училишта на оваа категорија деца им е обезбедена помош, односно лица со чија помош ќе ги надминат потешкотиите што ги имаат поради дислексијата. Во Грција постојат околу 700 класа, кои се специјализирани и се само за деца со дислексија.

Дислексијата е предвидена во одредени закони, но никогаш не е направена посебна законска регулатива за дислексијата. Со помош на државата, во Грција се формирани и неколку центри за дислексија.

Србија

Иако се прават напори за подигање на јавната свест кај луѓето по однос на дислексијата, сепак Србија нема предвидено некои посебни законски мерки во однос на регулирање на овој проблем, кој најмногу ги погодува учениците. Дефиницијата што е прифатена, е дека дислексијата претставува нарушување во учењето и читањето, и покрај нормалната интелигенција, добриот вид и слух и адекватната мотивација. Не  постојат посебни законски регулативи во Србија, но на седницата на Сенатот на Универзитетот во Белград, која е одржана на 22.10.2010 година, усвоен е предлогот на проф. д-р Славица Голубовиќ, и за првпат во историјата на Универзитетот во Србија донесен е документ за политика на Универзитетот во однос на студентите со дислексија, каде што се регулирани правата и поддршката за студирање на студентите со дислексија.

Документот содржи:

  • –              Што претставува дислексијата?
  • –              Карактеристики на дислексијата.
  • –              Како се врши проценка кој студент има дислексија?
  • –              Проблеми со кои се среќаваат.
  • –              Како да им се помогне на студентите?
  • –              Начин на оценување на нивната писмена работа.
  • –              На кој начин се оценува усното испрашување?
  • –              Продолжување на роковите за овие студенти.
  • –              Право на жалба на студентите.
  • –              Олеснување на студентите при писмено тестирање.

Бугарија

Во Бугарија првпат поимот дислексија се јавува во 1980 година.

Првата дефиниција во Бугарија е дадена од професорот Матанова во 2001 година, со што дислексијата се дефинира како: „Дислексијата е генерална категорија на специфична потешкотија во учењето, која се забележува во седум области на функционирањето, и тоа: говорење, изразување, основни способности за читање, одбивност кон читањето, основни познавања за пишување, разбирање на пишаното, основни познавањa на математиката и математичкото размислување.“

Првото здружение за дислексија е „Здружението за дислексија – Бугарија“, кое е основано во Русе во 2005 година.

Во Бугарија постои бројка дека  15 проценти од популацијата се соочува со дислексија, но во Бугарија не е преземено ништо во поглед на образованието на децата што имаат дислексија, ниту пак, постои некоја законска регулатива за дислексијата, а зборот дислексија не може да се најде во ниту еден владин документ.

Иако не постои некој правен документ во кои се впишани правата на овие деца и тие не може да имаат помош во образовниот систем, сепак во последните години се формирани 3 стручни училишта во Русе, што го добија називот Dyslexia Friendly schools. Во овие училишта, децата со дислексија имаат подолго време за решавање тестови, индивидуални консултации со професорите, помош при решавање на тестовите.

Се прават напори за ваквите методи да се воведат во сите училишта во Бугарија, со тоа што ќе се донесе законска регулатива за тоа.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>