Сподели го написот

Tехники за самопомош / Дислексија / Избрани текстови / Совети

Депресија и дислексија и што може да направите во врска со тоа

Депресија и дислексија и што може да направите во врска со тоа

Кога кај Нејт беше дијагностициранa депресија минатата година, бев многу потиштена. Тој имаше само 7 години… се чувствував дека сум потфрлила како мајка. Мислам, каква мајка треба да сум за да не можам да го направам сопственото дете среќно? Секако, ваквиот начин на размислување е многу нефер, но тоа беа мислите кои ми се вртеа во главата тогаш. Кога докторот го праша Нејт дали е среќен, тој одговори “не баш”. Оваа изјава ми го скрши срцето.

Често дислексијата и депресијата одат едно со друго и причината за тоа е многу очигледна. Секој ден мојот син е принуден да биде во средина која постојано го потсетува дека не успеал. Дислексијата не влијае само на неговата способност за читање, туку и на секој аспект од неговиот живот и учењето. Пишувањето е ужасно, спелувањето безнадежно, учењето на нови факти – скоро невозможно, следењето на неколку инструкции последователно – исцрпувачко, дури понекогаш има проблем да се сети на некој збор додека зборува. Секој ден оди на училиште, знаејќи дека ќе се соочи со очекувања од другите, кои се премногу високи и задачи кои се премногу тешки. Колку и да се труди, никогаш не успева да постигне онолку колку се очекува од него. На сето ова додадете го и фактот дека повеќето учители не се обучени за дислексија и не знаат ништо за истата. И покрај тоа што неговите учители имаат добри намери, тие не знаат како да му помогнат. Па така, празнината што ја чувствува станува се поголема, а неговата самодоверба станува се пониска.

Иако Нејт ја имаше среќата да има учители полни со разбирање, многу голем дел од учениците се наоѓаат во бескомпромисни средини каде не наидуваат на разбирање. Самиот момент кога на детето му викате дека треба да се потруди повеќе, може да биде многу деструктивно за секое дете кое има потешкотии во учењето, а веќе дава се од себе. Што е уште полошо, голем дел од овие деца се изложени на булинг од страна на своите соученици. Мојот поранешен соученик, а сега познат актер и продуцент Амир Барака, го сподели своето искуство. Тој изјави “Никогаш нема да заборавам, кога во шесто одделение требаше да читам на глас и кога наставничката по англиски јазик ме посрами пред целото одделение, затоа што стоев 10 минути не можејќи да прочитам ниту еден збор од книгата”. За жал, кај поголем дел од децата со дислексија, истата никогаш нема да биде препознаена. Едноставно само ќе протрчаат низ образовниот процес и ќе продолжат да се чувствуваат неадекватни и безвредни.

И што можев јас да направам, знаејќи дека никогаш не можам да ја тргнам причината за депресијата на Нејт. Тој секогаш ќе има дислексија  и јас не можам да направам ништо во врска со тоа.  Неговиот невро-психијатар ни предложи медикаменти и терапија, но јас решив да ги отфрлам медикаментите. Тој веќе примаше медикаменти за АДХД и епилепсија и не сакав да додавам дополнителни апчиња на целиот тој коктел. Но, започнавме со терапија уште веднаш.

По неколку месеци терапија, бев во шок кога докторот ме повика и ми кажа дека едноставно нема напредок и не може да му помогне. Тој ми кажа дека Нејт е многу тежок за работа и дека нема никакво подобрување кај него.

shutterstock_390634105-1000x480По неколку месеци, конечно успеав да допрам до чувствата на мојот син. Беше август, цело лето го подучувавме, а во септември требаше повторно да почне со училиште. Со Нејт седевме во кујната и работевме. Во раката држев картичка на која пишуваше “ох”, но тој не можеше да се сети што пишува на картичката, иако вчера совршено знаеше дека на истата пишува “ох”. Toj сфати дека вчера знаеше да ја прочита картичката, но зошто не може да го направи и денес? Ме погледна со солзи во очите и ми кажа “си го мразам мозокот, мамо!” и почна силно да плаче. Никогаш го немав видено да плаче така. Тој почувствува невиден пораз, а јас невиден очај.

И што можев јас да направам? За среќа, имав неколку идеи. Нашиот невро-психијатар не се откажа од нас тој ми даде неколку идеи како да му помогнам да го смени своето однесување, а јас познавав неколку родители на деца со дислексија кои беа подготвени да ги споделат своите искуства и совети.

Па така, направив листа на сите оние работи кои му помогнаа на мојот син да се справи со депресијата:

  1. Наградиpicture of a small kid winning a trophy, over white

Кога нашиот невро-психијатар предложи систем на награди, во себе превртував со очи. Како може ова да помогне за неговата депресија? Но, ова е поразлично од стандардниот систем на наградување и сфатив дека навистина функционира. Тој предложи секој пат да му поставам некаква задача и секој пат кога ќе ја изврши да му дадам награда. Целта која му ја поставив на беше да направи или каже нешто позитивно. Секој пат кога ќе го направи тоа добива поен. Кога ќе собере 10 поени, добива награда. Направив една торбичка со ливчиња и на секое од нив пишуваше каква награда ќе добие и кога ќе ја достигнеше целта, требаше да извлече едно ливче. На тој начин тој беше мотивиран да направи нешто позитивно, а за возврат да си ја извлече наградата откако ќе освои 10 поени.

  1. Фокусирајте се на позитивното

Фокусирајте се на способностите и на добрите особини и страни на вашето дете и истакнувајте ги секојдневно. Истакнувајте ги и пред вашето дете, но и пред другите. Се сеќавате кога ви кажав дека Нејт рече дека си го мрази мозокот и плачеше непречено? Имавме многу добар разговор тој ден. Додека плачеше, го прегрнав силно и му кажав дека има неверојатен ум и му ги потенцирав сите добри работи кои ги има направено токму поради него. Му кажав дека токму поради неговиот ум успева да направи толку добри 3Д фигури од картон и од Лего коцки, но и дека поради него е толку добар, смешен и посебен. Луѓето обожаваат да бидат околу него. Му кажав и дека не е негова вина што не може да чита. Тој беше изненаден и ме праша “Навистина ли не е по моја вина?” , а јас на тоа одговорив “Навистина. Твојот мозок учи на поразличен начин и моја обврска е да те подучувам на начин на кој твојот мозок ги разбира нештата”.

Но, имајте предвид дека еден разговор не е доволен. Бидејќи Нејт има премногу ниска самодоверба, мојата мисија беше да му давам комплименти неколку пати дневно. И не само тоа. Решив да одам подалеку и да давам комплименти и за неговиот ум. Па така, ќе кажев “Тоа е одлична идеја сине. Прекрасно е што твојот ум може да смисли нешто такво”. Сакав да го сменам неговото видување за самиот себе, но и за неговиот ум.

Дислексијата има многу позитивни страни. Едуцирајте се за нив и негувајте ги.

  1. Развијте талент кај дететоkid-fitness-2

Најдете некој вид на воннаставни активности кои ќе ја зголемат нивната доверба и ќе создадат позитивно чувство. Децата со дислексија навистина можат да бидат вознемирени од своите сопствени мисли. Вклучете ги во активности кои ќе им ги оттргнат тие мисли и ќе бидат фокусирани кон нешто позитивно и продуктивно за нив самите.

Кога Нејт ми спомна дека сака да тренира карате, бев малку скептична. Зборував и со тренерот по карате и му кажав дека тој има проблем со моторичките вештини и дека му беше предложено да оди на физикална терапија. Тренерот ми објасни дека кај голем дел од децата, на кои им била потребна физикална терапија, има огромен напредок со тренирањето карате. Одлучивме да се обидеме и беше одлично, а тој обожава да тренира. Нејт се чувствува горд и уверен во себе поради работите кои успева да ги научи таму. Многу сум среќна што успеавме да најдеме нешто што го исполнува.

  1. Книги

Со што и да се соочува вашето дете, најдете книги со кои ќе се споредува. Ние најдовме многу книги за дислексија, книги во кои главниот лик има дислексија и книги напишани од дислексичари.

  1. Поттикнете ги

Научете го вашето дете како да зазема став. Често го слушам Нејт како им објаснува на другите: “Јас имам дислексија и затоа ова е тешко за мене”. Многу ми е драго што не се чувствува некомфортно да објасни низ што поминува и какви потешкотии има. Важно е вашето дете да научи да го прави тоа само, затоа што вие не секогаш ќе бидете таму за него. Исто така огромна предност е да знае што точно е проблемот, односно вашето дете да знае дека има потешкотии поради дислексијата, а не затоа што е глупав.

Научете ги да веруваат дека можат да успеат. Јас, на пример, постојано му кажувам за успешните луѓе кои имаат дислексија. Листата со успешни дислексичари е навистина огромна: Алберт Ајнштајн, Бенџамин Френклин, Томас Едисон, Џеки Чен, Ричард Бренсон, Пикасо, Том Круз, Волт Дизни, Вупи Голдберг, Стивен Спилберг и уште многу други.

  1. Прилагодете ја средината на нивните потреби

Овозможете им средина во која се чувствуваат удобно. Повеќе време за решавање на некоја задача, скратени задачи, избор каде сака да седи, аудио книги и поголеми паузи се работите кои му помагаат на Нејт во училиште и дома.

  1. Бидете “адвокат” на вашето дете

Вие сте тие, кои треба да се грижат за него. Бидете активни во изнаоѓање на начини за да му помогнете и да го поддржите. Знам дека е тешко да признаете дека вашето дете се соочува со дислексија, но мислам дека помага кога и луѓето околу вас знаат. Помнам кога библиотекарката ми кажа дека Нејт не бил добар тој ден и дека плачел во библиотеката. И се заблагодарив што била толку трпелива со него и и кажав дека Нејт се соочува со дислексија, но и дека страда од депресија.

  1. Зборувајте за проблемот

Не се плашете да им кажете на луѓето околу вас со што се соочува вашето дете, а и вие самите. Ќе биете изненадени колку поддршка и совети може да добиете. Зборувајте со вашите пријатели, колеги и семејство. Побарајте совет.

Овој текст е превземен од thelearningspark

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>