Сподели го написот

Tехники за самопомош / Диспраксија / Избрани текстови

Диспраксија – техники за самопомош

Диспраксија – техники за самопомош

За жал, за диспраксијата нема лек – нормално, затоа што не е болест. Диспраксијата е доживотна состојба и затоа треба да се делува на симптомите. На тој начин ќе си ја олесните состојбата. Прочитајте неколку совети за самопомош:

РЕЛАКСАЦИЈА, СПОРТ И ВЕЖБИ

Техниките за релаксација ни овозможуваат да се фокусираме на нашето тело на еден позитивен начин. Техниките за релаксација најдобро е да се комбинираат со спортски активности и вежби за да имаат најделотворен ефект кај лицата со диспраксија.

Техника за визуелизација и позитивно мислење препорачана за диспраксија  (Dianne Zacchero)

Најнапред почни да се релаксираш на следниов начин:

  • Исклучи го телефонот и смести се на удобно и мирно место каде што нема врева;
  • Избери смирувачка и тивка музика;
  • Седни на удобна столица водејќи сметка ‘рбетот да биде исправен;
  • Затвори ги очите и концентрирај се на стапалата;
  • Почни длабоко да вдишуваш воздух замислувајќи дека воздухот влегува од стапалата;
  • Задржи го воздухот 15 секунди во дијафрагмата, потоа испушти го бавно и релаксирај го целото тело.

Потоа започни да ги визуелизираш следниве сцени:

Одиш низ твоето омилено место. Гледаш како твоите стапала се движат и мавташ со рацете. Целото тело се придвижува. Една дамка се доближува кон тебе. Полека се забрзува и уште повеќе се доближува. Полека добива форма на планина. Стоиш пред неа и полека зачекоруваш од подножјето кон врвот на планината. Како што одиш повисоко, се вртиш наназад и ги забележуваш сите иритации, напади, навреди и неуспеси во твојот живот. Ги оттурнуваш во подножјето на планината. Тие остануваат зад тебе. Ти се искачуваш повисоко и повисоко, сè до врвот на планината.

Сега доаѓаш на платото на врвот од планината. Гледаш околу  планината прекрасни долини. Си пристигнал на местото на кое си сакал да бидеш. Задржи се една до две минути замислувајќи се себеси како правиш работи што сакаш да ги правиш. Полека издиши, отвори ги очите и врати се освежен и релаксиран во реалноста.

На луѓето со диспраксија од голема помош може да им биде: вежбањето јога, масажи, ароматерапија и слушањето класична музика. Древниот кинески систем за физички вежби Тај Чи е базиран на техники за лесно дишење, ритмички движења и баланс.

СПОРТ

Искуствата од училиште честопати создаваат одбивност за учество во спортови кај диспраксичните ученици за кои часовите по физичко се „ноќна мора“. Активностите поврзани со фрлање и фаќање топка, качување по јаже, како и гимнастика на справи, за нив претставувува голема тешкотија. Тие секогаш се последни, исмевани и критикувани од наставникот.

Сепак, физичката активност е многу важна бидејќи го подобрува држењето на телото, координацијата на рацете, нозете и очите и ја подобрува просторната свесност.

Така на пример:

СТРЕЛАШТВОТО ја подобрува координацијата и чувството за проценка на растојание;

КУГЛАЊЕТО помага за проценка на растојание, ја подобрува просторната ориентација;

ЈАВАЊЕТО КОЊ е одличен спорт за развивање баланс. Го подобрува држењето на телото и ги зајакнува мускулите. Постојаното следење и давање инструкции овозможува лесно правење разлика меѓу „лево“ и „десно“;

БОРЕЧКИТЕ СПОРТОВИ – Аикидо, карате, џудо, теквондо помагаат за координација, за развивање вештини за преминување од една активност на друга, како и за справување со стрес.

ПИЛАТЕСОТ како систем на вежби помага за интеграција на умот, телото и духот. Пилатесот помага за правилно дишење, координација, концентрација, правилно држење на телото, како и за релаксација.

ВОДНИТЕ СПОРТОВИ – Индивидуалното пливање и  веслање (не во тим) дава одлична можност за движење на рацете на двете страни од телото, односно преминување на средишната линија од телото. Ова е особено важно за координација на левата и десната страна на мозокот, со што се вежба балансот кој е нарушен при диспраксија.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>