Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови / Некатегоризирано

Претседателот Доналд Трапм со порака по повод месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Претседателот Доналд Трапм со порака по повод месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Американскиот Претседател Доналд Трамп се обрати до нацијата со порака по повод светстскиот месец за подигнување на јавната свест за дислексијата.

Во прилог ви ја пренесуваме неговата порака:

Јас и Меланија се приклучивме во признавањето на месец Октомври како интернационален месец за подигнување на јавната свест за дислексијата. Ние целосно сме посветени на подобрување на условите за учење и работните услови за сите граѓани на Америка, а особено на креативните и успешните дислексичари. Ние ги поттикнуваме сите граѓани на Америка да се запознаат со дислексијата, да се залагаат за децата и возрасните со дислексија и да ги поддржат своите пријатели, колеги, членови од семејството и своите сакани во борбата со дислексијата .

Дислексијата представува невролошко- когнитивна потешкотија во учењето, која што влијае на способноста за читање, пишување и говорење. Меѓутоа, преку различните програми олеснување на читањето лицата со дислексија можат да го искористат својот поренциал и да станат успешни ученици и да бидат многу успешни во својата професија. Голем број од лицата со дислексија водат среќен, здрав и продуктивен живот. Лицата со дислексија можат да бидат врвни менаџери во индустријата, креатори на прекрасни ремек- дела и нови технологии и вистинска гордост за американскиот народ.

 Во Октомври, како месец за подигнување на јавната свест за дислексијата, особено ги подржува инзвонредните придонеси на дислексичарите и се стремиме секое дете и возрасен што се бори со дислексија да ги добие потребните ресурси за постигнување на успех во училиште и во својата  област и професија. Нашата администрација останува посветена на работата со семејствата и соработката со училиштата за да се подобри раното идентификување и спроведување на напредни истражувања за дислексијата.

Дислексијата не треба да биде пречка на патот кон успехот. Нашата нација ќе продолжи да ги проширува можностите за сите граѓани, особено оние кои се стремат кон успех, а воедно имаат и дислексија.

*Текстот е превземен од официјалната веб страна на Белата куќа https://www.whitehouse.gov/briefings-statements/presidential-message-national-dyslexia-awareness-month/

 

Оваа статија е изготвена во рамки на кампањата #КажиДислексија по повод октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

 

 

 

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>