Сподели го написот

Познати личности

Џон Ленон – дислексичарот на минатиот век

Џон Ленон – дислексичарот на минатиот век

Поминати се повеќе од 30 години од смртта на еден од најмаркантните и највлијателните артисти во светот – Џон Ленон.

Многумина за Ленон мислеле дека никогаш нема да успее во животот, особено поради тоа што потекнува од дисфункционално семејство кое живеело во едно гето во Ливерпул.

Израснат е со неговата тетка Мими, која често му велела: „Супер ти оди со гитарата, Џон, ама никогаш нема да можеш да живееш од тоа.“

Обожавал да го слуша Елвис Присли на радио, но имал голем проблем со помнењето на текстовите од песните, и многу често текстовите ги пеел по свое. Во текот на училиштето се соочувал со многу потешкотии во учењето, со исклучок на музиката и уметностите. Училиштето го окарактеризирало како проблематичен и неодговорен ученик, при што набрзо е и избркан од училиштето. Но, тој успева да најде начин и се запишува на колеџ благодарение на своите извонредни музички способности, кои ги препознал училишниот директор.

Неговите проблеми во училиштето, особено проблемите со читањето и меморирањето, укажуваат на тоа дека тој имал дислексија, иако тој никогаш формално не бил дијагностициран со дислексија. Без оглед на пречките што му ги создавала дислексијата, неговата решителност и креативност му помогнале да биде еден од најдобрите музичари во светот.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>