Сподели го написот

Избрани текстови / Познати личности

E = mc2 е резултат на дислексија

E = mc2 е резултат на дислексија

Не е тајна дека во светот има милиони и милиони луѓе што имаат дислексија. Но, дали е возможно да се докаже дека еден од најбрилијантните умови во светот имал дислексија?

Многумина зборуваат дека токму Алберт Ајнштајн бил дислексичар, што можеби е навистина тешко да се поверува дека токму човекот којшто ја измислил теоријата на релевантноста, имал проблеми со учењето.

Никогаш не може да се дознае дали некој има дислексија доколку не се изврши соодветна проценка. А, дефинитивно за некој што е починат, не може да се одреди дали имал дислексија или, пак, не.

По едно направено истражување може да се заклучи дека Ајнштајн најверојатно имал дислексија.

Следуваат 4 карактеристики што ги поседувал АЈНШТАЈН, а укажуваат на тоа дека тој бил дислексичар.

  1. Имал задоцнет говор

Како многу лица со дислексија и Ајнштајн имал задоцнет говор. Тој не зборувал правилно и јасно сè до својата 6-та година.

  1. Ги поседувал едни од најзначајните знаци на дислексија

Тој се соочувал со проблеми во читањето и разбирањето на зборовите. Исто така, имал голема потешкотија да ги изрази сопствените мисли во пишана форма. Покрај ова, тој имал и сериозен проблем со учењето странски јазик.

  1. Тој учел подобро во креативни средини

Голем број од дислексичарите не се вклопуваат во редовното образование поради тоа што сите работи ги учат на креативен начин и им е потребна поразлична средина од регуларната. Токму Ајнштајн имал проблеми во основното училиште и најчесто бил нарекуван ментално бавен и неспособен. Но, секогаш изнаоѓал начини за креативно учење.

  1. Го гледал светот низ уникатна перспектива

Луѓето со потешкотии во учењето природно гледаат надвор од границите. И Ајнштајн не бил исклучок. Неговата способност за креативно размислување значело дека тој смислувал идеи што останатите научници не ни можеле да ги замислат.

Ајнштајн починал во 1955 година, а мораме да бидеме свесни дека во тоа време за дислексијата се знаело многу малку, и поради таа причина не би можеле со 100% сигурност да кажеме дека тој имал дислексија.

Како и да е, луѓето со дислексија се едни од најпаметните луѓе во светот, најкреативните и најинтересните луѓе кои треба да ги имате во вашето опкружување. Токму затоа од погоренапишаното ќе мислам дека најбрилијантниот ум на овој свет бил дислексичар.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>