Сподели го написот

Дислексија / Избрани текстови

Дали емоционалните нарушувања ја предизвикуваат дислексијата?

Дали емоционалните нарушувања ја предизвикуваат дислексијата?

Дислексијата сама по себе и не претставува поголем проблем. Илјадници лица со дислексија го пронаоѓаат својот различен стил на учење, со цел да постигнат одредени академски вештини. Проблемот е што вложуваат многу труд и енергија за да се вклопат во востановениот систем на образование, кој е заснован примарно на читање и пишување.

Треба да бидете внимателни. Кога ќе се забележат знаците на дислексија, треба да се дејствува за да не дојде до емоционални нарушувања, кои не се ретки кај лицата со дислексија.

ДАЛИ ЕМОЦИОНАЛНИТЕ НАРУШУВАЊА ЈА ПРЕДИЗВИКУВААТ ДИСЛЕКСИЈАТА?

Истражувањата покажуваат дека дислексијата е предизвикана од биолошки фактори, а не емоционални или фамилијарни проблеми. Семјуел Ортон е еден од првите истражувачи што го опишува емоционалниот аспект на дислексијата. Неговите истражувања покажуваат дека поголемиот дел деца од раѓањето до предшколска возраст се среќни и добро приспособени со опкружувањето. Нивните емоционални проблеми почнуваат да се равиваат со почетокот на нивното описменување, кога тие не можат да се приспособат на вообичаениот образовен систем и востановените наставни методики. Во секој случај, поголемиот дел од истражувањата покажуваат дека дислексијата е генетски предoдредена и дека не е предизвикана од лош пристап на родителите, од проблеми во семејството, или пак, од депресија и анксиозност во детството.

ЗОШТО ДИСЛЕКСИЈАТА ФРУСТРИРА И ОБЕСХРАБРУВА?

Фрустрациите кај децата со дислексија, главно, доаѓаат од таму што тие не можат да ги исполнат очекувањата од околината. Родителите и наставниците гледаат бистро дете со ентузијазам, кое и покрај напорите, не може добро да чита и да пишува. Со текот на времето може да се слушне: Но, тој е толку бистро дете – барем малку повеќе да се потруди. Иронично, но никој не знае всушност колку тие деца се трудат. Кај учениците со дислексија, болката што не можат да го постигнат очекуваното е огромна, особено кај оние ученици што се стремат кон перфекционизам, а не можат да го достигнат. Тие се развиваат во личности што мислат дека правењето грешки е вистински ужас.

Но, како по правило децата со дислексија прават многу ненамерни и глупави грешки. Реакциите на околината, односно потсмевањето, ги фрустрираат и предизвикуваат чувство на пониска вредност. Децата со дислексија честопати имаат проблеми со социјалните врски, кои се отсликуваат во следното:

  • Тие може да бидат физички и социјално помалку созреани во споредба со нивните врсници, што од своја страна доведува до лоша слика за себе и неприфаќање од врсниците.
  • Нивната социјална незрелост може да ги направи несмасни во секојдневните социјални релации и ситуации.
  • Многу деца со дислексија имаат тешкотии со читањето на социјалните знаци од околината, односно можат да бидат несвесни за потребната лична дистанца која е потребна за комуникација со другите.
  • Децата со дислексија честопати имаат проблем со говорниот јазик, во смисла што не секогаш можат да го вметнат вистинскиот збор на вистинско место. Со други зборови, понекогаш им е тешко да ги изразат своите мисли со зборови. Исто така, многу често може да им се случува да не можат брзо да одговорат на поставено прашање. Ова станува особено фрустрирачки во периодот на адолесценцијата, кога говорот има централно место во комуникацијата меѓу тинејџерите.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>