Сподели го написот

Занимливости

Ештон Кучер дислексичар?

Ештон Кучер дислексичар?

Најверојатно според насловот на статијава се прашувате дали Ештон Кучер е дислексичар? Дали и тој е дел од онаа листа на славни личности со дислексија, како што се Том Круз, Алберт Ајнштајн, Џенифер Анистон и др.? Но, одговорот е НЕ, Кучер не е дислексичар.

Сосема случајно го гледавме говорот на Ештон Кучер на доделувањето на наградите на Teen Choice Awards.

Но, каква врска има говорот на Кучер со дислексија ?

Говорот потенцира три главни точки и сите три – многу соодветни за лицата со дислексија:

  • „Можностите изгледаат многу слично како и напорната работа” – тоа е карактеристика за целата популација, но уште покарактеристично за дислексичарите. За да успеат, дислексичарите се принудени да работат многу понапорно за да ги пронајдат нивните можности и полиња каде што можат да успеат;
  • „Најсекси на светот е да бидеш навистина многу паметен. И да се биде внимателен. И да се биде дарежлив.” Сите знаеме дека дислексичарите обично имаат натпросечна интелигенција. Затоа искористете ја оваа предност и бидете секси дислексичар.
  • „Сето она што е околу нас и го нарекуваме живот, е направено од луѓе што не се попаметни од тебе. Ти можеш да изградиш сопствен живот и останатите луѓе да живеат во него.” Дислексичарите се многу кративни личности. Можеби дислексичарите не секогаш ќе успеат на вообичаените работни места, но затоа, пак, нивната кративност ги прави едни од најуспешните претприемачи и бизнисмени.

Ти благодариме, Ештон, за прекрасниот говор! J

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>