Сподели го написот

Познати личности

Хари Потер има диспраксија

Хари Потер има диспраксија

Даниел Редклиф е еден од популарните актери што отворено зборуваат и не ја прикриваат својата состојба која им создавала тешкотии во учењето.

Хари Потер е херој на една генерација деца и возрасни, кои се љубители на книгите. Но, актерот Даниел Редклиф, кој го игра мудриот волшебник во филмовите на Хари Потер, исто така, стана херој. Тој зборува за децата со диспраксија, состојба која го отежнува планирањето и координирањето на физичкото движење.

Даниел Редклиф, кој има блага форма на диспраксија, ги знае тешкотиите што може да ги донесе  состојбата наречена „диспраксија“. Како дете тој имал проблеми со ракописот и врзување на врвките на обувките. Неговите први училишни години биле многу тешки, бидејќи тој се чувствувал ужасен во сè и немал некои особени таленти. Тој верува дека неговиот избор да биде актер е делумно резултат на неговата диспраксија, која му го отежнувала учењето и постигнувал лоши резултати во училиште.

Водечкиот авторитет за диспраксија, неврологот д-р Дејвид Јангер од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Њујорк, вели: „Јас сум голем обожавател на целата серија Хари Потер и јас сум изненаден што Даниел Редклиф страда од диспраксија. Тој очигледно страда од блага форма, но фактот што тој воопшто не покажува знаци, е одличен почеток за неговите актерски способности и го прави пример за други луѓе со оваа состојба.“

Портпаролката на Редклиф, пак, вели: „Да, Даниел има диспраксија, ова е нешто што тој никогаш не го криеше. За среќа, неговата состојба е многу блага и во најлош случај се манифестира во неможноста да ги врзе чевлите и лошиот ракопис.“

Самиот Редклиф, пак, понуди охрабрување за 10-годишно девојче со диспраксија на овој начин:

„Не дозволувај диспраксијата да те спречи“, рече тој. „Таа никогаш не ме враќаше назад, а некои од најпаметните луѓе што ги знам се луѓе што имаат потешкотии во учењето. Фактот дека некои работи се повеќе од борба, ќе ве направат само поспособни за извршување потешки работи и поимагинативни во изнаоѓање на решенијата за различни проблеми.“

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>