Сподели го написот

Дискалкулија

Тајната што се крие зад имињата на производите на ИКЕА

Тајната што се крие зад имињата на производите на ИКЕА

Шведскиот бренд ИКЕА е познат во целиот свет со својот мебел и предмети за домаќинството. „The Quartz news outlet“ во една статија дискутира за успешната приказна на брендот и неговиот систем на неконвенционални имиња за производите. За основачот на ИКЕА, Ингвар Кампрад, се знае дека страда од дискалкулија. Традиционалните нумерички кодови на производите што се користат во поголемиот дел бизниси претставувале негов бескраен кошмар. За да ги избегне предизвиците со пишување броеви во компјутерскиот систем, тој одлучил да ги именува своите производи користејќи букви. Ова доведе до пронаоѓање систем за именување, кој содржи специфични семантички групи зависно од опсегот на производот што треба да се именува. На пример, елементите за бањи се именувани по шведски езера и водни тела, додека постелнините и другите текстилни производи се именувани според различни имиња на цвеќиња и растенија. Денес ИКЕА е позната во целиот свет поради нејзините необични имиња на производи, кои позитивно придонесуваат за маркетингот и славата на компанијата.

Овој пример покажува дека дискалкулијата не мора да биде пречка, туку напротив, може да поттикне иновативни пристапи за одредени ситуации и со тоа да придонесе за градење извонредни кариери.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>