Сподели го написот

Дислексија / Историја

Историја на дислексијата

Историја на дислексијата

Откривањето на дислексијата и развојот на третманите за нејзиното третирање започнува во доцниот 19 век.

Во 1878 година германскиот физичар д-р Кусмал подучувал човек што не бил способен да чита. Човекот имал нормална интелигенција и имал адекватни образовни инструкции. Д-р Кусмал го опишал неговиот проблем како слепило за читање.

Неколку години подоцна,  во 1887, германскиот офталмолог Рудолф Берлин ваквата состојба ја опишал како дислексија, што потекнува од грчките зборови dys (слаб, лош, непримерен) и lexis (јазик, збор). Оттогаш, па сè до денес, терминот дислексија е синоним за потешкотии во читањето.

Првпат дислексијата е спомената во Англискиот Медицински Весник во 1896 година. Во тоа време дислексијата била наведена како  „Congenital word blindness“.

Во 1925 година американскиот невролог д-р Семјуел Ортон ја предложил првата теорија за тоа како произлегуваат потешкотиите при читањето. Како причина за ова тој ја нагласува доминацијата на едната страна на мозокот. Стратегиите што тој ги развил за време на неговите истражувања, денес се сè уште во употреба.

Бројни форми на специфични потешкотии при учењето биле развиени во овој период, но вистински била препознаена во 1939 година кога д-р Алфред Штрус и д-р Хајнц Вернер ги публикувале нивните сознанија за деца со широк спектар на потешкотии во учењето. Нивната работа нагласува варијации на овој проблем и ја нагласува потребата од индивидуална проценка на образовните потреби за секое дете.

До средината на 20 век, дислексијата била во надлежност на медицината, но по бројните истражувања, надлежноста за дислексијата се трансформира во образовната сфера. Оттогаш почнале да се развиваат специфични едукативни стратегии и методи за подучување на децата со потешкотии во учењето.

Првата метода е креирана во 1936 година од Ана Гилингхам и Беси Стилман и е заснована врз истражувањата на Семјуел Ортон. Основата на оваа метода лежи во визуелен, аудитивен и кинетички пристап кон подучување на децата со дислексија. Оваа метода е сè уште во употреба. Методата се засновала на тоа што од детето се бара да го каже зборот на глас, па му се покажува како се пишува и на крај се моделира со глина.  Потоа се развивале и други методи во зависност од претпоставените причини за постоењето на дислексијата.

Така, во 1968 година промовирана е методата на Доман и Деликато во Америка, која се заснова врз претпоставката дека дислексијата е со невролошко потекло и дека е потребно воспоставување на потребните мозочни врски меѓу двете хемисфери, заради изедначување на функциите. Методата опфаќа низа физички вежби за ползење, рамнотежа и протегање на екстремитетите. Оваа метода понатаму претрпува модификации и во 1981 година креирана е методата на Денисон во Америка, а во 2006 година – Доре во Англија. Овие две методи се употребуваат ширум светот за третман на лица со дислексија.

Пред 1982 година, кога е отворен Центарот за корекција на дислексијата, Роналд Дејвис ја открил генезата на сопствената дислексија и развил низа ефективни процедури за отстранување на потешкотиите при читање. Овој центар развил своја мрежа во околу 40 држави во светот, меѓу кои и Република Македонија и преку обучени кадри им помогнал на илјадници лица со широк спектар на потешкотии во учењето.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>