Сподели го написот

Познати личности

Џејми Оливер: „Никогаш не дозволив дислексијата да биде пречка за мојот успех“

Џејми Оливер: „Никогаш не дозволив дислексијата да биде пречка за мојот успех“

Џејми Оливер има дислексија, но тој не дозволил дислексијата да го спречи да биде наречен најголемиот готвач во светот. Во основно училиште Џејми бил префрлен во класот за ученици со посебни потреби, поради потешкотиите во учењето. Во едно интервју тој признава дека во училиштето никогаш не успевал да ги истакне своите способности, а неговата дислексија навистина влијаела на неговиот успех во училиштето. Џејми е убеден дека ниту тој самиот ниту, пак, кој било во училиштето ја препознал неговата дислексија. Често напоменува дека поради тоа што ниту еден наставник не знаел да ја препознае неговата дислексија, тој и не ја добивал потребната помош во текот на образованието. Денеска тој верува дека имаме многу подобар образовен систем во однос на лицата со дислексија за разлика од порано, но сепак, дека тоа е поле на коешто константно треба да се работи.

 

Иако училиштето никогаш не било место каде што тој можел да се докаже себеси, секогаш бил убеден во своите способности и не дозволил во ниту еден момент училиштето да го спречи неговиот пат кон успехот. Тој започнува да работи во ресторани уште на најмала возраст и бил одличен во тоа. „Да се биде дислексичар не е оправдување или причина за да се откажете од вашиот просперитет и успех“, вели Џејми. Џејми Оливер денеска е најпознатиот и најбогатиот готвач во светот.

На следното видео можете да го слушнете целото интервју на Џејми.

 

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>