Сподели го написот

Занимливости / Некатегоризирано

Јавен повик – Тренинг за идентификување и спречување на ширењето на говор на омраза

Јавен повик – Тренинг за идентификување и спречување на ширењето на говор на омраза

Здружението Ајнштајн во рамки на проектот “Право на говор НЕ е право на говор на омраза” финансиски поддржан од Фондација Oтворено општество Македонија објавува јавен повик за учество на 20 млади лица студенти на возраст од 18 до 26 години кои што ќе учествуваат на 4 модуларен курс-тренинг за идентификација и спречување на ширењето на говорот на омраза поделен во 8 интерактивни тренинзи.

Што ќе добијат учесниците на тренингот?

  1. Селектираните учесници ќе ги добијат следниве облици на обука преку иновативни алатки и техники од страна на искусни обучувачи:
  • Запознавање на директен начин со елементите на говор на омраза и заштитените карактеристики на истиот.
  • Едуцирање на кој начин се врши диференцијација на говорот на омраза со неговите блиску концепти како дискриминацијата,криминал од одмазда и клевети и навреди.
  • Тренинзите ќе бидат поделени во 4 модули за говор на омраза врз основа на:

Религија, емигрантски статус, национална и етничка припадност

Пол,род и сексуална ориентација

Ментална или телесна попреченост

Класа/Социјално потекло

  1. Сопствен буџет за креирање на кампања за подигнување на јавната свест за говорот на омраза.

Младите лица кои ќе бидат избрани преку проектот “Право на говор НЕ е право на говор на омраза” ќе бидат поделени во 4 тима каде што  секој тим ќе добие сопствен буџет во износ од 500 Американски долари за изработка на кампањи за подигнување на јавната свест за говорот на омраза преку стекнатото знаење од четири модуларниот тренинг.

  1. Јавна презентација на креираните кампањи

Селектираните тимови пред завршување на проектот ќе имаат можност стекнатото знаење од тренинг-курсот преку креираните кампањи за подигнување на јавната свест да го презентираат на јаван настан пред пошироката публика.

  1. Стекнување на сертификат

Сите учесници на тренингот ќе добијат плакети и сертификати за успешно завршен тренинг  за идентификување и спречување на ширењето на говор на омраза

Опис на менторската поддршка

За да се овозможи младинска ангажираност од избраните учесници ќе се формираат 4 тима од по 5 члена кои во текот на 4 месеци активно ќе работат на процес на изработка на кампањи за подигнување на јавната свест за ширењето говор на омраза врз основа на религија, национално потекло, етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, социјално ниво/класа и врз основа на телесна и ментална попреченост. Тимовите процесот на изработка на кампањите ќе го прават со помош на обучувачите и проектниот тим на Здружението  Ајнштајн. Секој тим ќе има еднакво доделен буџет за изработка на кампањите во износ од 500 USD. Модулите ќе бидат спроведувани од страна на 8 искусни обучувачи во своите области каде што секој обучувач ќе одржи еден тренинг. Поради недоволното познавање на младите лица со правните механизми за заштита од говорот на омраза ќе биде ангажиран доктор по правни науки како фасилитатор на сите 8 тренинзи. Фасилитаторот ќе работи тимски со секој од обучувачите за заедничко изнаоѓање на правни регулативи и заштити за секој модул посебно.

Тренинзите ќе започнат кон крајот на месец септември и истите ќе завршат заклучно со крајот на месец ноември 2018 година.

Услови и критериуми за пријавување на повикот

За учество на интерактивните тренинзи ќе биде потребно да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се државјани на Република Македонија
  • Да бидат спремни и да имаат желба за нови искуства
  • Да бидат студенти на некој од Универзитетите во Република Македонија
  • Да се на возраст од 18 до 26 години
  • Да имаат желба за стекнување на нови знаења и информации во полето на идентификување на говор на омраза
  • Подготвеност за работа во тим и извршување на работните задачи навремено

Начин на пријавување

Заинтересираните млади лица потребно е да го пополнат образецот за пријавување даден на линкот подолу и да го поднесат најдоцна до 12 Септември 2018 година до 17:00 часот. Селекцијата на учесниците кои што ќе поднесат пријави ќе биде извршена од страна на тимот на Здружението Ајнштајн најдоцна до 20 Септември 2018 година.

За линкот до образецот за пријавување кликнете тука.

Сите прашања кои се однесуваат на повикот може да се постават на следнава е-маил адреса: j.dimitrievska@disleksija.org.mk или на телефонскиот број 078 35 25 30.

                                                                      

Проектот “Право на говор НЕ е право на говор на омраза” го спроведува Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и истиот е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија

 

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>