Сподели го написот

Избрани текстови / Познати личности

Кира Најтли: „Сценариото за филмот Чувство и чувствителност ми помогна да ја надминам дислексијата“

Кира Најтли: „Сценариото за филмот Чувство и чувствителност ми помогна да ја надминам дислексијата“

Извонредно талентираната актерка Кира Најтли објави дека ја надминала дислексијата како дете со читање сценарио од Ема Томсон.

32-годишната актерка вели дека единствениот начин на кој таа можела да го надмине нејзиниот проблем со учењето, било читањето на сценариото за филмот Чувство и чувствителност и замислувајќи што Томсон ќе направи во „нејзините чевли“. Најтли, која била дијагностицирана со дислексија на 6-годишна возраст, изјавила дека е голем фан на режисерката која е добитничка на оскар – почитуваната Ема Томсон.

За списанието GQ magazine изјавила: „Мајка ми во тоа време работеше на филмот Чувство и чувствителност и дома ми донесе копија од сценариото на филмот што го има напишано Томсон.“

Јас само кажав: „Ама, јас сум дислексична, како да го прочитам целото сценарио?” Мајка ми го  кажа само ова: „Ако Томсон не можеше да го прочита тоа, сигурна сум дека ќе најдеше начин. Затоа почни веднаш да читаш, бидејќи тоа би го направила Ема.“

Кира го напушта училиштето во Тедингтон, но нејзините родители ѝ поставуваат услов дека мора секојдневно да работи на надминување на проблемите со учењето и читањето за да ѝ обезбедат агент што ќе ѝ помогне да стане актерка.

Најтли во 2005 година ја добива големата улога како Елизабет Беннет во филмската адаптација на Остин за филмот Гордост и предрасуди. Таа вели дека многу често плачела поради лошите коментари за нејзината работа, бидејќи тоа многу ја потсетувало на времето кога била многу исмевана во училиште поради проблемите со учење. Но, истакнува дека по некое време научила како да се справува со критиките и од нив да учи каде да се подобри.

Таа вели дека дислексијата е како ѕид и многу тешко може да се погледне преку него.

„Навистина имав среќа што влегов во актерските води, бидејќи едноставно морав да се трудам многу да читам, ако сакам да успеам, а токму тоа ми помогна да ги надминам проблемите со читањето“.

Актерката признава дека да имаш дислексија, не е лесно, но вели: „Дислексијата не значи дека си глупав, туку едноставно дека размислуваш само на поразличен начин.“

 

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>