Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Следете го во живо најголемиот самит за дислексија во светот – Made By Dyslexia

Следете го во живо најголемиот самит за дислексија во светот – Made By Dyslexia

Фондацијата MADE BY DYSLEXIA ве поканува да го следите во живо преку “Facebook” или “Youtube”  најголемиот глобален самит за дислексија во понеделник 15 октомври со почеток во 18 часот и 45 минути.

Глобалниот самит “Made by dyslexia”  ветува дека ќе биде предизвикувачка вечер на плодни панел-дискусии на тема дислексија. Користејќи ги сознанијата од извештајот на EY “Вредноста на дислексијата” објавен претходно оваа недела, ќе се разговара за важноста од правилната поддршка потребна за децата со дислексија во образованието, со цел правилно развивање и искористување на талентите кои произлегуваат од дислексијата.

На овој самит ќе имате можност да ги слушнете светските лидери, меѓу кои и г-дин Ричард Бренсон, државниот секретар за здравство и социјална грижа на Обединетото кралство г-дин Мет Хенкок и интернационалниот рагбист г-дин Крис Робошо за тоа како се менува светот и зошто ни требаат креативни личности кои размислуваат на поразличен начин во моменти кога се случуваат големи светски промени.

Придружете ни се во живо со почеток од 18 часот и 45 минути во понеделник, 15 октомври, за да ги препознаеме умовите на иднината.

Самитот може да го следите на “Facebook” на следниов линк или преку “Youtube” на следниов линк..

 

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>