Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Како McDonald’s ја подигнува јавната свест за дислексијата

Како McDonald’s ја подигнува јавната свест за дислексијата

Дислексијата претставува една од најчестите потешкотии во учењето, која опфаќа околу 15 проценти од вкупното население. Но, оние кои никогаш не се соочиле со дислексијата, веројатно не можат да ги разберат проблемите со кои се соочуваат дислексичарите во секојдневниот живот.

Октомври е светски месец за подигнување на јавната свест за дислексијата проследен со многу настани каде што се вклучуваат голем број на компании и институции од целиот свет. Дефинитивно Шведската подружница на најпрепознатливиот синџир на ресторани за брза храна McDonald’s оваа година се издвои од сите останати.  За да придонесат во одбележувањето на светскиот ден за подигнување на јавната свест за дислексијата, McDonald’s и агенцијата Nord DDB во Шведска ги променија сите свои дигитални билборди, така што креираа реклами и менија со измешани букви.  Она што некои набљудувачи лекомислено претпоставија дека е грешка, всушност беше дел од големата кампања за подигнување на јавната свест за дислексијата. Како дел од кампањата McDonald’s со своите Happy meals доделуваше и бесплатни книги во кои се зборува за момче кое се соочува со дислексија.

“McDonald’s е доволно голем за да направи промена” вели Кристофер Ренблад, маркетинг директор на McDonald’s во Шведска. “Добро е што можеме да ги искористиме своите можности и својата позиција во општеството за визуелно да претставиме еден невидлив проблем со кои многумина се соочуваат “- додава Ренблад.

 

Оваа статија е изготвена во рамки на кампањата #КажиДислексија по повод октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>