Сподели го написот

Tехники за самопомош

Меморирачки стратегии за дислексичари

Меморирачки стратегии за дислексичари

Дислексичарите најчесто имаат проблеми со краткотрајната меморија. Најлесна и наједноставна стратегија за меморирање е токму концептот на мапирање.

  • Концепт на мапирање

Постојат високоефективни стратегии што овозможуваат дислексичарите да ја препрочитаат својата пишана работа и да ги надминат нивните потешкотии во краткотрајното меморирање. Оваа техника се нарекува Концепт на мапирање и е слична на методот на Умственото мапирање.

Концептот на мапирање овозможува дислексичарите да ги откријат несогласувањата во информациите на случаен начин, а потоа да се реорганизираат во кохерентен дел од писмената работа.

  • Што всушност е концепт-мапирањето?

Земањето прибелешки е линеарен процес, кој понекогаш претставува проблем за дислексичарите. Концепт-мапирањето е мултисензорен и визуелен начин за земање прибелешки што помага во начинот на кој лицето со дислексија гледа и ги забележува информациите. Мултисензорен е затоа што се користат различни бои. Колку повеќе бои се користат, толку подобро. Исто така, се користат доста форми, цртежи и симболи.

Како всушност изгледаат концепт-мапите? Најопшто земено, концепт-мапите изгледаат како многу мисли содржани во меурчиња што ги поврзуваат линиите. И, секако, меурчињата не значи дека мора да се меурчиња, туку можат да бидат во која било форма. Линиите што ќе ги поврзуваат меурчињата, можат да бидат во која било боја. Целта е сличните мисли да ги поврзете со иста или слична боја или форма.

  • Креирање концепт-мапа

Ова може да биде наједноставно или најкомплицирано, во зависност од вас. За да направите целосна концепт-мапа, потребно ви е:

  • Голем лист хартија
  • Маркери во боја
  • Може да користите како алтернатива и стикери на кои ќе можете да пишувате.
  • Да започнеме

За да почнеме, на средината на листот напишете ја главната идеја. На пример, доколку правите документ за евакуација при пожар, ќе напишете Евакуација на средината од страницата.

Сега размислете што сè ве асоцира на евакуација. Секоја асоцијација напишете ја во посебно поле. На пример, Противпожарен апарат, Пожарна, Брза помош, Излези за евакуација и сл.

Веќе сте подготвени да навлезете во деталите. Одберете едно меурче и размислете за повеќе идеи што се поврзани со терминот кој е напишан во меурчето. На пример, го одбирате меурчето Излези за евакуација. На ова меурче додајте посебни меурчиња што ќе се поврзуваат. Откога ќе ги напишете сите поврзани работи со тоа меурче, преминете на другото, и така, сè додека не ги завршите сите.

Не грижете се што концепт-мапите можеби изгледаат хаотично, тоа не е страшно. Поентата е да ги организирате мислите на начин што ќе успеете сите да ги поврзете меѓу себе.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>