Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Microsoft објави асистивна технологија за лицата со дислексија

Microsoft објави асистивна технологија за лицата со дислексија

Microsoft објави низа на нови алатки, односно асистивна технологија за лицата кои се соочуваат со дислексија, а со тоа дадоа голем глобален придонес за овие лица.

Со потпишувањето на соработка со фондацијата Made by dyslexia, оваа компанија вети дека ќе даде свој придонес во олеснувањето на читањето, пишувањето и математиката за лицата со потешкотии во учењето.

Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, ја објави оваа вест на глобалниот самит Made by dyslexia на 15 октомври во Лондон, преку креативно видео.

“Задоволен сум од прогресот кој го правиме со новите алатки за учење, кои се дел од Microsoft 365.” – изјави тој, а потоа во една од неговите објави на LinkedIn напиша- “Ништо не ми причинува поголемо задоволство, од тоа да ги гледам нашите клиенти задоволни од технологијата што ја градиме. Ни претставува огромна чест да бидеме првата компанија која е потписник на овој договор, а со тоа преку ново креираната асистивна технологија за дислексија и предвидените обуки и материјали да помогнеме на 700 милиони луѓе ширум светот да го достигнат и остварат својот потенцијал.”

 

 

Dyslexia International проценува дека околу 700 милиони луѓе ширум светот имаат дислексија, вклучително и 1 од 5 ученици. Иако, 90% од овие лица можат да се едуцираат во нормални паралелки, голем дел од нив се образуваат во паралелки за деца со посебни потреби.  Британското здружение за дислексија ја искажува својата загриженост за оваа проблематика и потенцира дека овие лица на тој начин не можат да го остварат својот потенцијал, поради недоволната информираност за тоа што е дислексија и поради недостатокот на поддршка за оваа категорија граѓани.

Microsoft заедно со Made by Dyslexia креираше едукативни материјали, вклучително краткометражни филмови и алатки за читање, за да им помогне на наставниците и родителите да ги согледаат и различните начини на учење. Тие се надеваат дека со ова ќе ги охрабрат сите оние кои се активно вклучени во животот на децата да интервенираат порано и да ја подобрат нивната иднина.

Компанијата исто така најави низа нови опции и алатки во нивните продукти кои би помогнале во надминувањето на потешкотиите во учењето.

 Алатката диктирање (конвертирање на говор во текст),  беше додадена како опција  во десктоп верзија за Word, PowerPoint, OneNote и Outlook на почетокот на оваа година, а ќе биде додадена и во Word и OneNote Online, достапна преку сите веб- пребарувачи.

Бесплатната Microsoft алатка, Immersive Reader, која ќе може да го прочита напишаниот текст, да ги дели зборовите на слогови и да го зголемува растојанието помеѓу редовите, буквите и зборовите, ќе им овозможи на лицата со дислексија полесно да ги прочитаат темите за дискусија на популарната платформа за дискусија Flipgrid.

Исто така, оваа алатка ќе им помогне и на оние кои се соочуваат со дискалкулија, односно ќе им помогне во читањето на математичките задачи, во следењето на редот, но и да ја променат бојата на позадината за да можат подобро да ги гледаат буквите и броевите. Овие опции се веќе достапни во Word.

Подоцна, преку алатката Immersive Reader , Microsoft ќе им овозможи на своите клиенти да преведуваат содржини. Тие ќе можат да го користат Microsoft преведувачот во Word Online, OneNote Online, OneNote за Windows 10, OneNote iPad, OneNote Mac, Outlook Online, Teams и Flipgrid, за да преведат цела страна, збор или реченица на многу јазици.

Покрај тоа, оваа алатка ќе може да се употребува и преку Office Lens app за Android уреди. Учениците ќе можат да фотографираат книги или тетратки со нивниот мобилен телефон или таблет, и оваа алатка ќе нуди можност да им го прочита текстот на глас, но и да го оддели текстот на параграфи или да го промени фонтот на текстот.

Microsoft ќе соработува со Универзитетот во Вашингтон, за да може подобро да ги разбере потешкотиите во читањето.

Пребарувачот The Edge ќе добие голем број подобрувања кои ќе бидат дизајнирани да помогнат на сите ученици и студенти. Овие подобрувања ќе вклучуваат вграден речник, можност за промена на позадината на Веб- страните во различни бои и опција за фокусирање на одреден ред или параграф.

 Овој текст е превземен од microsoft.

 

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>