Сподели го написот

Tехники за самопомош / Занимливости / Совети

Како митот за мрзеливост влијае на децата со АДХД

Како митот за мрзеливост влијае на децата со АДХД

 

 

Обидете се да го замислите следново: Влегувате во кујната и го гледате вашето дете, кое се соочува со АДХД, како седи и се допишува со своите пријатели, наместо да го прави она што сте побарале од него- да ја испразни машината за миење садови. Веднаш се вознемирувате, бидејќи сте го потсетиле безброј пати, а и не се случило само еднаш. Всушност и не се работи само за расчистувањето на машината за садови, но истото се случува и со домашните работи и сите задачи кои не се толку забавни и бараат да се вложи напор. Секако дека ќе си помислите дека вашето дете е само многу мрзеливо, но за жал не сте единствени.

 

Често децата со АДХД (или АДД) ги гледаме како мрзеливи. Тука може да ги вклучиме родителите, наставниците, семејството и други. Секако, децата со АДХД, како и сите останати деца можат понекогаш да бидат и мрзеливи. Но, мит е дека постојано одбиваат да ги извршат обврските и задачите кои им ги задаваме, затоа што не се трудат доволно.

ЗОШТО ДЕЦАТА СО АДХД СЕ ЕТИКЕТИРАНИ КАКО МРЗЕЛИВИ?

Неретко децата со потешкотии во учењето одбиваат да пишуваат домашни задачи, затоа што ова за нив претставува тешкотија и предизвикува соочување со голем стрес. Но, децата со АДХД се соочуваат и со други предизвици кои им го отежнуваат извршувањето на секојдневните обврски.

Децата со АДХД имаат потешкотии со група одредени вештини, познати како егзекутивна или извршна функција. Оваа функција е одговорна за многу работи, меѓу кои и:

  • Внимание
  • Организација и планирање
  • Започнување и фокусираност на задачите
  • Следење на работите кои ги правиме во даден момент

Празнењето на машината за садови можеби изгледа како едноставна задача и ако вашето дете не ја изврши истата сигурно ќе си помислите дека вашето дете е “само мрзеливо”. Но, всушност, за да се испразни машината за садови треба да се направат неколку работи кои вклучуваат многу извршни функции, а тоа значи и да се запомни секоја една од нив последователно.

Започнувањето на нова задача значи дека треба да се оттргнеме и повеќе да не бидеме фокусирани на онаа што ја правиме во моментот. Децата со АДХД имаат потешкотии во префрлувањето на вниманието од една активност кон друга, дури и тогаш кога и двете се забавни и интересни за нив.

АНКСИОЗНОСТ И ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЗАДАЧИ

Децата со АДХД се под влијание на стрес многу повеќе од децата кои немаат потешкотии со учењето и вниманието, а постојаниот стрес може да доведе до анксиозност. Доколку задачата која треба да ја извршат води до стрес, страв или пораз, ќе направат се за да ја избегнат. Тука не се работи за мрзеливост, туку за самозаштита, а тоа е нормална реакција на сите луѓе, без разлика дали се соочуваат со АДХД или не.

КАКО МОЖЕ ДА МУ ПОМОГНЕТЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ?

Постојат неколку начини на кои можете да му помогнете на вашето дете кое се соочува со АДХД да се справи со училишните и домашните задачи, а ова се дел од нив:

  • Обидете се секоја задача која му ја давате на вашето дете да биде поделена на неколку помали и полесни задачи, без разлика дали станува збор за пишување на домашна работа или некоја друга активност како расчистување на машината за садови.
  • Оставете му повеќе време кога треба да се префрли од една активност кон друга.
  • Кога треба да изврши повеќе задачи, кажете му ги задачите една по една и за секоја дајте му детално објаснување.
  • Не го критикувајте, а по добро извршена задача наградете го, дури и да не сте сосема задоволни од крајниот резултат.
  • Информирајте ги за позитивните страни или наградите кој може да ги добијат за добро завршената работа. На децата со АХДХ им е потребна мотивација за да продолжат да работат.
  • Поставувајте му само задачи кои навистина може да ги изврши, дури и да ви се чини дека се премногу лесни и едноставни.
  • Не очекувајте премногу. Иако децата со АДХД се многу паметни, извршувањето на комплицирани задачи за нив претставува огромен предизвик.

 

Овој текст е превземен од understood.org

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>