Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови / Линк

Очилата за дислексичари OrCam достапни за продажба

Очилата за дислексичари OrCam достапни за продажба

Бен Луис основачот на Dyslexia Box со OrCam. додатокот за очила Слика: Кит Хеппел

Дислексијата е состојба која предизвикува проблеми во читањето, но тие проблеми може да се надминат особено со користење на асистивната технологија. Подигнувањето на свеста за овој тип на технологија е мисијата на “Dyslexia Box”.

Стартап бизнисот “Dyslexia Box” е лоциран во Алија бизнис центарот во Кембриџ и истиот е креиран од Бен Луис и Лари Џенкинс, во соработка со голем број на обучувачи и експерти. Бен, кој има 10 годишно искуство во овој секторот, оваа година го започна својот стар ап бизнис “Dyslexia Box” , бидејќи увидел недостаток од продукти кај компаниите кои нудат експертиза и услуги во ова поле.

Војводата од Кембриџ (во центарот), со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (десно) и иноваторот на OrCam Жив Авијам (лево) додека ги очилата .

“Обезбедуваме низа производи и услуги, со особен фокус на асистивната технологија “, објаснува тој. “Ние обезбедуваме разни прилагодувања, па ако имате вработен со дислексија, ќе дојдеме и процениме какви се неговите потреби за да тој вработен да може максимално да ги искористи своите способности, нашите услуги вклучуваат и обуки за вработените кои се соочуваат со дислексијата, но и поддршка по завршувањето на обуките односно “end-to-end” услуга “.

Мотивацијата да им се помогнеме на оние кои се соочуваат со дислексија е произлезе од  Актот за еднаквост од 2010 година, кој бара од работодавачите и давателите на услуги да ги надминат бариерите кои ги имаат за лицата кои имаат различни потреби.

Dyslexia Box е член на Британската асоцијација за асистивна технологија и Британската асоцијација за дислексија, и помага да се исполни владината шема за лицата со дислексија

Најпродаваниот производ на Dyslexia Box е “Dragon Naturally Speaking” софтверскиот пакет за препознавање на говорот, со цена од 70 фунти. Овој софтвер работи нa следниов начин: Корисникот зборува на слушалки и софтверот диктира се што е кажано, истиот е компатибилен со речиси сите Microsoft Office програми. Овој софтвер претставува најпродаваниот продукт во светот за препознавање на говорот.

Но, главната атракција во моментов преставува  најновиот производ односно OrCam, кој се прицврстува на вашите очила и го чита текстот што го поставувате пред очилата, без разлика дали станува збор за книга, патен знак, паметен телефон, производ од полицата на супермаркети или некое упатство.

OrCam изгледа многу слично на Google Glass, кои за жал не го достигнаа својот успех. Производството Google Glass беше прекинато, но се уште го користат професионалците, вклучувајќи ги лекарите – бидејќи има видео камера. Причината за нивното повлекување беше реакција на јавноста поради поставената камера која можеше да снима без никој да знае.

За среќа, сепак, OrCam немаат видео рекордер, а камерата само ги чита текстовите. Овој уред им помага не само за оние кои се соочуваат со  дислексија, туку и за оние лица кои имаат проблеми со видот.

OrCam е многу едноставен за користење, едноставно само погледнете кон текстот 3 до 5 секунди и уредот веднаш започнува со читање на текстот. Покрај звучникот уредот во себе има вградени и Bluetooth што ќе ви овозможи префрлување на текстот на друг аудио звучник во било кое време. Но тоа не е се, со OrCam дислексичарите нема повеќе да имаат проблем со гледањето во часовник бидејќи овој уред во секој момент може да ви го соопшти точното време.

Уредот исто така е способен за препознавање на лице, па така потребни се само 10 секунди за во просторија полна со луѓе да го препознае човекот со кој треба да се сретнете.

OrCam, исто така, ги скенира баркодовите и ви ги кажува сите детали за производот и сето ова е сместено во изненадувачки лесен додаток, кој се прицврстува на вашите очила.

Оригиналниот OrCam MyEye беше лансиран во 2015 година, а следната генерација на OrCam MyEye 2.0 беше лансирана во 2017 година. Сега се продаваат два уреди: MyReader – основен уред без програмот за препознавање на лице – е со цена од 2.500 £ плус ДДВ. Целосната верзија на MyEye чини £ 3.500 плус ДДВ. Гаранцијата од 12 месеци е вклучена во цената на MyEye, додека MyReader добива двегодишна гаранција.

Текстот е превземен од www.cambridgeindependent.co.uk

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>