Сподели го написот

Методи за корекција

Методата Ортон Гилингам

Методата Ортон Гилингам

Пристап: Take Flight, A comprehensive Intervention for Students with Dyslexia

Д-р Семјуел Тори Ортон (1879-1948), американски невропсихијатар и патолог од Ајова, кој најпрво ја проучувал работата на мозокот кај возрасни што претрпеле мозочно оштетување, преминал на работа со деца со потешкотии при читањето. Д-р Ортон бил првиот кој направил чудесно и неочекувано откритие, а тоа е дека децата што се сметале за ретадирани заради нивната потешкотија со читањето, имале просечен или натпросечен коефициент на интелигенција. Веќе во 1920, Ортон почнал да користи мултисензорно учење кое вклучувало кинестетика (движење), тактилност (допир), визуелни (вид) и аудитивни (слух) техники во изучувањето на процесот на читање. Д-р Ортон предвидел дека со примената на кинестетски и тактилни техники како засилување на визуелните и аудитивните техники при изучување на буквите и гласовите, би ја коригирала предиспозицијата кај малите деца да ги превртуваат буквите. Д-р Ортон докажал дека со интеграција на функциите на левата и десната хемисфера во мозокот, способноста за течно и точно читање се подобрува.

За среќа, нешто подоцна, Ортон почнал да соработува со една многу талентирана наставничка и психолог по име Ана Гилингам, која ги применила откритијата на Ортон во комплексна и детална мултисензорна програма за читање. Првата Ортон-Гилингам програма била издадена во 1936 година и вклучувала систематско и експлицитно изучување на гласовите (фонеми), како и претставки, наставки, корен на зборот (морфеми) и правопис. Оваа програма редовно се обновува и сè уште се издава.

Take Flight: A Comprehensive Intervention for Students with Dyslexia е програма создадена од Лук Вејтс – Центар за дислексија и потешкотии во учењето во Тексас, Скотиш Рајт болницата за деца. Во Македонија се користи во две интернационални училишта и во Bridges Learning Center. Програмата е создадена за ученици на возраст од 7 години па нагоре, кои имаат дислексија и може да ја користат само квалификувани терапевти за дислексија. Целта на Take Flight е да им овозможи на учениците со дислексија да го подобрат препознавањето на зборовите, точноста и течноста во читањето, разбирање на прочитаното и, секако, да им помогне во транзицијата од терапија во училницата во учење во „надворешниот свет“. Програмата има 5 основни компоненти за ефективно читање.

  1. Фонемската свесност е системско истражување на артикулацијата на фонемите и е целосно инкорпорирано во инструкциите за декодирање и пишување (спелување) зборови. Фонемите се фундаментални елементи на јазичниот систем и основните елементи од кои се составени зборовите што ги пишуваме или говориме.
  2. Фонолошките вештини се тесно поврзани со способноста на ученикот да го декодира текстот, додека сите други нивоа, како семантиката, синтаксата и дискурсот се поврзани со разбирањето. Оваа програма ги претставува правилата за кореспонденцијата меѓу графемите и фонемите, што им овозможува на учениците да вежбаат точно читање преку различни видови соодветни текстови. Фонолошките вештини се важни за учениците со дислексија, бидејќи дислексијата се одразува само на ова најниско фонолошко ниво, попречувајќи го декодирањето, додека сите други вештини на повисоко и апстрактно ниво на размислување се – или непроменети, или дополнително развиени.
  3. Развивањето на вокабуларот е уште еден значаен елемент во Take Flight. Тоа се одвива преку ширење на морфолошките вештини, врската помеѓу зборовите, стилските фигури во јазикот, синтаксата и семантиката преку различни контексти.
  4. Развивање течно читање или флуентност е репетитивно читање зборови, фрази и текстови што помагаат при дешифрирањето.
  5. Комбинацијата на техники се користи за развивање поголемо разбирање на текстот како поставување и одговарање прашања, структура на приказната, сумирање на текстот и носење заклучок и ред други стратегии за читање. Учениците исто така имаат можност да користат графички табели и различни приказни што помагаат во процесот на читање и разбирање.

Ова е програма со мултисензорен пристап која комбинира визуелни, аудитивни и кинестетски начини на учење. Поучувањето е експлицитно и системско и фоничниот пристап им помага на учениците да ги поврзат буквите со нивниот изговор и потоа да научат тоа да го применат при читањето.

Во моментов оваа програма се користи исклучиво за лица од англиско говорно подрачје, но група терапевти од здружението „Корени“ работи на создавање и адаптирање на овој пристап за лица со дислексија на македонски јазик.

 

Катерина Николовска,                                                         Даница Ѓуревски,

Academic Language Therapist                                          Academic Language Therapist

QSI International School of Skopje                                  NOVA International Schools

„Koreni“ Education Development                                    „Koreni“ Education Development

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>