Сподели го написот

Занимливости

Повик за волонтери Шарени умови Vol.2

Повик за волонтери Шарени умови Vol.2

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН објавува повик за волонтери за претстојниот настан “Шарени умови Vol.2”.

Ако ги сакаш децата и сакаш да им ги покажеш веќе заборавените игри кои го одбележаа нашето детство како брканица, скокање во вреќи, влечење со јаже и слични, тогаш волонтираj на Шарени умови Vol.2

Не е важно кој/а си, важно е да ја сакаш играта и децата и да сакаш да запознаеш нови луѓе во контекст на игра.

Ако бидеш волонтер/ка ќе допринесеш во организацијата на целиот настан, координирање на игрите, ќе бидеш судија и одлично ќе се забавуваш.

Ако си заинтересиран/а за убав помин низ реализација и учество на овој општествено-ангажиран настан пријави се на следниот линк https://form.jotformeu.com/81655446278366

 

Настанот “Шарени умови vol. 2” е дел од неделата на граѓански организации поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност.

Истиот има за цел подигнување на свеста за штетното влијание од прекумерното користење на современите технологии врз развојот на децата преку игра и забава во природа.

Настанот ќе се одржи на 22-ри јуни со почеток во 18 часот и 30 минути на Школка во Градскиот парк.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ

 

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>