Сподели го написот

Tехники за самопомош / Совети

Како да развиете позитивна слика за себе

Како да развиете позитивна слика за себе

НЕМА ПРИЧИНА ДА СТРАДАТЕ ПОВЕЌЕ!

Да имаш проблеми во училиштето е навистина тешко. Тоа создава вознемиреност и други социјални проблеми, и исто така, води до проблеми во однесувањето или депресија. И на крајот, секогаш резултат е ниската самодоверба.

Наместо тоа, треба да одберете начин што ќе ве води до успехот. Toa ќе го постигнете со развивање на основните вештини за учење. Од ден на ден вашата самодоверба ќе се зголемува. Од ден на ден ќе станете подобри во учењето. Тие вештини ќе можете да ги применувате и при учењето дома.

 

Како да  развиете позитивна слика за себе:

  • Да се прифатите онакви какви што сте. Секој ученик е вреден, сите се во училиштето за да учат.
  • Постојат различни способности и вештини и секоја има своја вредност, односно истакната способност: читање, математика, спорт, уметност… Секоја вештина мора да си ја вреднувате. И да знаете: Постојат повеќе патишта до успехот, а не само еден.
  • Одбегнувајте натпревар со цел да се докаже кој е најдобар. Нема да имате никаква корист од тоа.
  • Не мислете дека за нешто сте „глупави“, „неспособни“ или дека нешто „не ви оди“. Тоа претпоставува дека вие секогаш во тоа ќе бидете лоши, што ретко е вистина и има многу негативни последици за вашето самопочитување.

 

Важно е да сфатите дека дислексијата не треба да биде негативна карактеристика, туку токму напротив, таа претставува дарба и уникатност.

Првиот чекор што би требало да го направите е да сфатите дека дислексијата не е болест. Следниот чекор би бил да разберете дека дислексијата претставува една состојба во која вашиот мозок размислува на поразличен креативен начин за разлика од останатите. Мора да разберете дека ниеден човек не може да биде способен за секоја задача или вештина и дека сите луѓе имаат одредени способности и слабости. Наједноставен начин за да го разберете ова, се примерите за тоа дека одредени луѓе се успешни во математика, некои во пишување, останатите се одлични научници, но и дека научникот сигурно не е така успешен во играњето фудбал колку што е успешен во науката.

Нагласувањето на менталната насоченост на ученикот е другиот метод за помош во развојот на позитивната слика за себе. Во оваа насока, важно е резултатите од тестовите, спроведени за проценка на дислексијата и интелигенцијата, да се вршат во дискусија со стручно лице. Тестот би ги идентификувал насоките и слабостите во проценките. На пример, дислексичен ученик, обично, ќе има повисоко бодување на тестот за способности за резонирање и разбирање, отколку на тестот за писменост.

Бидејќи предметите за лингвистичките способности традиционално имаат највисок  фокус во одделението, другите способности што децата може да ги поседуваат се често занемарени. Многу ученици се успешни во спортот или во уметноста, за разлика од академските постигнувања. Самодовербата кај дислексичните ученици ќе продолжи да биде ризична толку долго колку што општеството им дава предност на лингвистичките способности. Дислексичните ученици треба постојано да се потсетуваат на личните вредности, како што се: да се биде добар со другите, да им се помага кога им е потребно во животот итн. Сè додека општеството ги поддржува само постигнувањата на луѓето, личните вредности ќе бидат запоставувани. Според Лоренс (2009), кој оваа појава ја опишал малку цинички, вели: доминантното искуство се однесува на фактот дека човештвото ги преферира научните техники и способности за да се појде до месечината, а сè уште се неспособни да живеат мирољубиво еден со друг. Не е неприродно за родителите да се чувствуваат разочарано кога нивните деца не успеваат во училишните задачи и активности. Важно е дека родителите треба да ги уверат нивните деца дека тие се сакани и ценети како луѓе, дури и ако добијат лоша оцена на тестот по писмени способности.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>