Сподели го написот

Дискалкулија / Познати личности

СЛАВНИ  ЛИЧНОСТИ  СО  ДИСКАЛКУЛИЈА

СЛАВНИ  ЛИЧНОСТИ  СО  ДИСКАЛКУЛИЈА

Дискалкулијата е  состојбата која е поретка од дислексија а и помалку позната. Од тие причини дискалкулијата е помалку присутна  станува збор за информации и ресурси на веб-страниците и блоговите. На пример,за  дислексијата  можат да се најдат обемни листи на познати личности кои имаат или имаат пријавено дека имале дислексија. Познатите личности кои се соочувале со разни состојби кои предизвикувале тешкотии во учењето секогаш се поттик и инспирација за лицата кои се соочуваат со некоја од овие состојби. Оние кои се соочуваат со тешкотиите со математиката остануваат , на некој начин , посиромашни за информации од ваков тип.

При пребарување на веб порталите за познати лица со дискалкулија , можат да се сретнат неколку имиња:

Американскиот актер Хенри Винклер се споменува како актер кој има  дислексија и тешкотии со математиката исто така

Познатите  пејачи Шер и Мик Хакнал  имаат дискалкулија.Тие поминале тежок период во училиште обидувајќи се да ја совладаат математиката

Актерката Марија Тајлер Мур исто така е вклучена во листите на славни личности со дискалкулија.

Сепак, овие списоци се многу пократки отколку оние што ги истакнуваат познатите личности  со дислексија.

Кога се соочуваат со ваков недостиг на информации, оние кои страдаат од дискалкулија,  можеби треба да побараат  инспирација на друго место, односно споделувајќи искуства меѓу себе. Како што расте свеста за дискалкулија ,  така се подигнува и  свесноста за предизвиците со кои се соочуваат луѓето со оваа различност во учењето. Од таму произлегува и се поголемата свесност за потребата од  почитување на начинот на кој тие се справуваат со тие предизвици.

https://dyscalculia-blog.com/2016/07/05/dyscalculics-famous-successful-inspiring/#more-54

На нашите  читатели кои се соочуваат со дискалкулија : кои се вашите предизвици  и инспирации? Ако сакате да ја споделите вашата сопствена приказна за она што ви дава мотивација и охрабрување, ве молиме да го споделите вашето искуство на интерактивниот форум.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>