Сподели го написот

Избрани текстови

Прашалник – Транспарентни информации за дислексијата

Прашалник – Транспарентни информации за дислексијата

Почитувани,

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во периодот од јуни до октомври 2018 година работи на проектот “Транспарентни информации за дислексијата”.

Целта на проектот е граѓаните да добијат транспарентни информации за дислексијата и информации за компетенциите на стручните лица и здравствените институции кои директно работат со лицата со дислексија.

Со остварувањето на целта на овој проект ќе се пристапи кон креирање на инклузивно општество за лицата со дислексија и зголемена ангажираност од страна на националните власти во однос на ова прашање.

За да ја оствариме целата на проектот проектниот тим спроведува истражување за мислењето на родителите во однос на здравствените институции кои директно работат со учениците со дислексија. Ваквото истражување ќе ни помогне во составувањето на дата база за јавното мислење во однос на здравствените институции преку која ќе изготвиме препораки до националните власти за подобрување на животните услови и третманот на лицата со дислексија.

Ве замолуваме да одвоите дел од вашето време и да го одговорите подготвениот прашалник со што би дале голем придонес во креирањето на инклузивни услови за лицата со дислексија во Република Македонија.

Прашалникот може да го најдете на следниов линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfXHLo_bX4UugmlXwdcqJ_h1fmD5XYwj4EDk3tzEMbjQAQxbw/viewform

Ви благодариме

                                                 

Проектот “Транспарентни информации за дислексијата” го спроведува Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и истиот е финансиран од Фондација Отворено општество Македонија

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>