Сподели го написот

Дискалкулија

ПРИКАЗНАТА НА ИНГРИД

ПРИКАЗНАТА НА ИНГРИД

Гледањето телевизија може да биде средство за ублажување голем стрес по долгиот напорен ден. Но, како програмите доаѓаат од продукцијата до публиката? Тоа е местото каде што луѓето како Ингрид Купеиро (Ingrid Cupeiro) играат водечка улога. Како член на одделот за програмирање во Telemundo Network, Ингрид ги планира и координира програмите, и таа ја сака секоја минута од својата работа. Таа, исто така, работи на стратегии како да се натпреварува со други мрежи.

„Мојот омилен дел од работата е конкуренцијата“, вели Ингрид. „Сакам да видам како функционираат едни против други и како се натпреваруваат меѓу себе.“

Иако Ингрид сега има работа во којашто ужива, во еден момент таа не била сигурна дали ќе заврши средно училиште – а камоли колеџ. Ова е поради тоа што на Ингрид ѝ било дијагностицирано нарушување на вниманието – дефицит / хиперактивност (АДХД) и попреченост во учењето на математиката уште во рана возраст. Тоа придонело таа да се соочи со тешкотии во училиште.

Нејзиниот училишен советник препорача професионална рехабилитација во државната агенција која им помага на лицата со попреченост да добијат работа по завршувањето на средното училиште. Ингрид почнала да се состанува со нејзиниот советник во агенцијата – Фабијана Пулити, за да ја планира својата иднина.

По завршувањето на средното училиште, Ингрид ги истакнала своите намери за стекнување на вишо образование а агенцијата и обезбедила финансиска помош за да го реализира нејзиниот сон. „Знам дека Ингрид е извонреден работник“, вели Фабијана. „Таа е многу независна млада дама која секогаш ќе ме контактира кога ќе ѝ треба помош за да платам за нешто.“

Ингрид се истакнуваше на колеџ добивајќи диплома за соработник по уметност од колеџот Мајами-Дад и диплома за комуникациски уметности од Универзитетот во Флорида. „Агенцијата за професионална квалификација многу ми помогна“, вели Ингрид. „Без нив не би можела да дипломирам. Тоа беше трнлив пат, бидејќи ја изгубив мајка ми на млада возраст. Агенцијата ми помогна да го поминам тој пат.“

Кога Ингрид не работи, таа ужива да го поминува времето со своето семејство. Иако математиката никогаш не беше нејзин омилен предмет во училиште, таа ужива во читањето. „Секогаш кога ќе имам можност, јас имам книга во мојата рака“, вели таа.

Ингрид најде добра работа во Телемундо. Таа е радосна што нејзиниот работодавец не ја оценуваше врз основа на нејзината попреченост за време на процесот на вработување. „Секој има тешкотија во нешто“, вели таа. „Мислам дека работодавците едноставно треба да го видат тоа и да му дадат шанса на секој. Тие навистина ќе бидат изненадени од можностите на поединците.“

За жал во Македонија професионалната рехабилитација и советодавните услуги не се на ниво на развиените земји. Затоа сите заедно треба да ја подигнуваме свеста за тешкотиите во учењето на лица што се исклучително креативни и најчесто се  натпросечно интелигентни.

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>