Сподели го написот

Занимливости / Познати личности

Селма Хаек: „Читам многу побавно од другите“

Селма Хаек: „Читам многу побавно од другите“

Селма Хаек е родена во 1966 година во Веракруз, Мексико и потекнува од богато семејство. На 12-годишна возраст нејзините родители ја испраќаат на школување во Њу Орлеанс. Токму таму и е дијагностицирана дислексијата, но го напушта училиштето. Своето образование го продолжува во Мексико, во полето на односите со јавноста, но по некоја година повторно го напушта факултетот за да биде актерка.

Се преселува во Калифорнија за да биде актерка, иако нема познавање на англискиот јазик. „Дојдов таму и не знаев англиски, немав Зелена карта, не знаев дека треба да имам агент, не знаев да возам и како капак на сè – сум дислексична.“

Хаек сфатила дека како латино-девојка многу тешко ќе успее да биде актерка во Америка и дека нејзините можности се навистина ограничени во споредба со останатите. Токму затоа се решава да оформи своја продуцентска куќа.

Веднаш по формирањето на продуцентската куќа, Хаек ја добива улогата на Фрида Кало во истоимениот филм кој добива 6 номинации за оскар, вклучувајќи ја и номинацијата на Хаек за најдобра актерка.

Учењето на англискиот јазик не претставувал проблем за неа. „Навистина брзо учам. Отсекогаш брзо сум учела, можеби и затоа во училиште не сфатија дека имам дислексија“, вели таа. „Дислексијата сега воопшто не ми пречи. Некои луѓе читаат многу брзо, но кога ќе им поставите прашање за тоа што го прочитале, нема да знаат да ви одговорат. Мене навистина ми треба многу повеќе време за да прочитам нешто за разлика од останатите луѓе, но затоа, кога нештото ќе го прочитам, го знам засекогаш.“

Таа е сигурна дека борбата со дислексија и нејзиниот успех се должат на големата поддршка од нејзиното семејство.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>