Сподели го написот

Tехники за самопомош

Стератегии за самопомош на дислексичари

Стератегии за самопомош на дислексичари

За учениците што учат аудитивно

Доколку учите полесно преку слушање, односно аудитивно, отколку преку напишани текстови, размислете за користењето дигитални учебници, иако во Република Македонија многу ретко постојат ваков тип книги. Во ситуација кога достапноста на ваквиот тип книги е многу ограничена, како што е случајот во нашата држава, добра замена за тоа би бил вашиот мобилен телефон. Доколку навистина полесно учите преку слушање отколку преку читање, би можеле да замолите некој од вашите другари или некој од родителите на глас да го прочитаат материјалот, а вие да го снимите со помош на вашиот паметен телефон или диктафон. Откога ќе го снимите материјалот, ќе биде доволно да го преслушате и само двапати. За содржините што се на англиски јазик, од голема помош би било користењето читачки софтвер што ќе чита наместо вие. Доколку во вашето училиште се формираат групи за учење, бидете секогаш вклучени во нив, бидејќи ќе ви бидат од голема корист. Повторувањето на материјалот и решавањето на задачите групно, ќе ви помогнат полесно да ги запомните.

За учениците што учат визуелно

Некои ученици имаат силно развиена визуелна меморија. Ова може да биде од корист при учењето. Некои ученици можат да се потсетат на изгледот на страницата на белешките што ги запишале, што навистина помага во решавањето на зададената задача. Користете листови во боја, поголем проред, болдирања, подвлекување со маркери, стикери, шеми, дијаграми и илустрации при пишувањето на забелешките, на тој начин ќе можете многу полесно да ги запомните. Корисна метода тука е методот на концепт-мапирањето, кој е детално објаснет во статијата за стратегии за меморирање.

За учениците што имаат потешкотии со текстовите

Некои ученици имаат проблем со дешифрирањето и разбирањето на значењето на комплексните текстови. Речиси секогаш треба речениците да ги препрочитаат по неколку пати за да можат убаво да ги разберат. Најлесен начин да се надминат овие проблеми е да се подвлекуваат главните и важни работи од текстот, со што ќе ги елиминирате сите непотребни реченици. Секогаш треба да ја знаете целта на вашето читање, односно зошто го читате тоа. Корисно би било додека читате, да си запишувате и забелешки. Читањето на текстот на глас кај некои ученици помага во разбирањето на прочитаното. Доколку читате дигитални содржини, а фонтот на документите е многу мал, убаво би било да го зголемите фонтот. Обидете се да читате во текот на денот кога имате најмногу енергија и елан, а не навечер, бидејќи веќе сте уморни.

За учениците што имаат потешкотии во пишувањето

Доколку ова ви претставува проблем, замолете ги луѓето околу вас да го прочитаат тоа што сте го напишеле за да можат да ви ги воочат грешките. При пишување на компјутер, најкорисна алатка е spell-checker (правописна проверка) каде што сите погрешни зборови ќе ви бидат подвлечени со црвено. Секогаш информирајте ги наставниците дека имате проблеми со пишувањето за да имаат разбирање кон вас и да не ви ја намалуваат оценката само поради тоа.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>