асистивна технологија

Microsoft објави асистивна технологија за лицата со дислексија

Microsoft објави низа на нови алатки, односно асистивна технологија за лицата кои се соочуваат со дислексија, а со тоа дадоа голем глобален придонес за овие лица. Со потпишувањето на соработка со фондацијата Made by dyslexia, оваа компанија вети дека ќе даде свој придонес во олеснувањето на читањето, пишувањето и математиката за лицата со потешкотии во учењето. Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, ја објави оваа вест на глобалниот самит Made by dyslexia на 15 октомври во Лондон, преку креативно видео. “Задоволен сум од прогресот кој го правиме со новите алатки за учење, кои се дел од Microsoft 365.” – изјави тој, а потоа во една од неговите објави на LinkedIn напиша- “Ништо не ми причинува поголемо задоволство, од тоа да ги гледам нашите клиенти задоволни од технологијата што ја гр...